„Светот е книга, а оние кои не патуваат читаат само една страница“ | Св. Августин

1940

Доколку постојано размислувате за патување во нови земји, што подалеку од вашето родно место, тогаш без сомнение целосно ќе се пронајдете во следниве 15 мисли.

Џон Чивер – „Ме фаќа носталгија за држави кои никогаш не сум ги посетил и копнеж за места каде што никогаш нема да можам да бидам.“ 

Чарлс Буковски – „Слушнав како авион ми поминува над главата. Посакав да сум во него.“

Харун Јахуа – „Отсекогаш сум се прашувал зошто птиците остануваат на истото место кога можат да одлетаат каде било на Земјата, а потоа си го поставувам истото прашање и на себе.“ 

Св. Августин – „Луѓето патуваат за да лутаат на планинските височини, на големите морски бранови, по долгиот тек на реките, на пространиот опсег на океанот, низ циркуларното движење на ѕвездите и сепак поминуваат покрај нив без да се зачудат.“ 

Џек Керуак – „Не постои ниту едно место на кое може да се отиде освен секаде, па затоа продолжете да се движите под ѕвездите.“ 

Анаис Нин – „Ние патуваме, некои од нас засекогаш, барајќи други држави, други животи, други души.“

Анита Септимус – „Не го одбирате денот кога доаѓате на овој свет и не го одбирате денот кога го напуштате. Тоа што го правите помеѓу може да направи голема разлика.“ 

Лиса Св. Обин де Теран – „Патувањето е како флертување со животот. Тоа е исто како да кажете: ‘Би останала да те љубам, но мора да одам. Ова е мојата станица’.“ 

Св. Августин – „Светот е книга и оние кои не патуваат читаат само една страница.“ 

Алан Китли – „Одвреме-навреме луѓето навистина сфаќаат дека тие не мора да го искусат светот на начинот на кој им се кажува.“

Непознат автор – „Светот никогаш не направил кралица од девојче кое се криело во својот дом и сонувало без да патува.“ 

Ејс Кревл – „Попрво би бил во планините размислувајќи за Бог, отколку во црква размислувајќи за планините.“ 

Еудора Велти – „Преку патувањето прв пат станав свесна за надворешниот свет. Токму преку патувањето го открив мојот интроспективен начин да станам дел од него.“

Итало Калвино – „Со пристигнувањето во секој нов град, патникот повторно наоѓа минат дел од себе кој не знаел дека го поседува: Туѓоста од она што повеќе не сте или што повеќе не го поседувате ве чека во странството и непосетените места.“