Стивен Хокинг | Ѝ науката може да не убие

1563

Познатиот астрофизичар и истражувач на црните дупки во вселената, Британецот Стивен Хокинг предупредувал дека живееме во најопасниот век во целата човечка историја, во кој опасностите ќе не демнат секаде, пишува “Гардијан”.

Научникот сметал дека главна закана за луѓето во наредните години ќе биде неконтролираниот технолошки развој, што може да доведе до нуклеарна катастрофа или до ширење на генетски модифицирани вируси.

“Ние не можеме да престанеме да се движиме напред или да го запреме прогресот, затоа треба да откриеме каде не демнат опасности и како да се спасиме од нив”, изјавил астрофизичарот.

Според него, дури и науката, која ни дава толку многу, може да не убие.