Научниците од Германија предупредуваат дека тропските болести кои ги пренесуваат инсектите во иднина би можеле да станат закана за луѓето во Европа, дури и со умерено зголемување на температурата поради климатските промени.
Студијата на Истражувачката група за медицински биодиверзитет и паразитологија на Goethe University Frankfurt сугерира дека зголемувањето на температурите ќе ги направи тропските и суптропските инсекти сè поудобни во Европа.
Студијата е нарачана од германската мрежа за борба против занемарени тропски болести.
Меѓу инсектите кои можат да пренесат заразни болести е и азискиот тигрест комарец. Може да пренесе денга, жолта треска или вирус зика на луѓето.
Овој тип на комарци по потекло е од Јужна и Југоисточна Азија, но поради зголемувањето на глобалните температури веќе може да се најде во делови од Централна Европа. Ларвите на комарците се развиваат побрзо кога е топло.
Користејќи го примерот на тигрестиот комарец, истражувачкиот тим предводен од биолозите Sarah Cunze и Sven Klimpel пресметал колку соодветните живеалишта ќе се прошират во Европа во зависност од температурата.
Во вториот чекор, научниците испитале како различните температури влијаат на преносот на патогени.
Тие откриле дека дури и со глобално зголемување на температурата за помалку од два Целзиусови степени, во иднина ќе преовладуваат климатски услови поволни за пренос на заразни болести во речиси сите делови на Европа.
Научниците препорачуваат едукација на населението и сметаат дека е неопходно да се едуцираат лекарите за вакцинација, дијагноза и терапија на заразни тропски болести.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















