Што ви зборуваат детските цртежи?

110

Децата често пати не се способни она што го чувствуваат да го изразат со зборови и затоа цртежот е начин да се дознае што мислат и преживуваат, тврдат психолозите.

Цртежот е најслободен и најспонтан начин на изразување на малите деца, но тој исто така им помага да се развиваат, созреваат и да го спознаат светот околу себе. Искусните психолози често користат цртежи наместо разговори, затоа што тврдат дека од ниво многу лесно може да се види дали детето има некои проблеми што го оптоваруваат, дали се плаши, што сака и на што се надева.

Децата никогаш не ги цртаат објектите онакви какви што се, туку како што тие ги доживуваат, на тој начин комуницираат со возрасните, особено со родителите. Експертите велат дека е важно како детето ги црта ликовите, односно луѓето, дрвата и куќите.

Начинот на кој детето ги црта луѓето зборуваат за неговата интелигенција, развој, но и за тоа како себе си се доживува.

Цртеж со куќа секогаш го претставува семејството и ако детето го црта така што ги има сите елементи, покрив, прозорци и врати, тоа значи дека во семејството се чувствува безбедно и заштитено. Куќата го симболизира и односот со мајката, додека таткото најчесто е претставен низ цртежот како сонце. Ако е тоа мало или сокриено позади облаците, на детето веројатно му недостасува времето со таткото.

Семејството, детето го црта со тоа што најпрво ја црта најважната личност, односно таа со која е најблизок, најчесто на левата страна на хартијата. Кога некој ќе го изостави, тоа не значи дека не го сака, туку веројатно е налутено или љубоморно, особено ако во прашање е брат или сестра.

Доколку ги зајакнува некои делови на телото, тоа може да значи дека има проблем во комуникацијата со таа личност или ако на пример се црта себе си без некој дел од телото, многу е веројатно дека сака од нешто да се заштити.

Многу е важно како детето ги црта стапалата, нозете и обувките. Ако луѓето се боси или без стапала, тоа може да значи дека детето нема доволно доверба во нив или дека заради нешто е несигурно. Психолозите тврдат дека кога детето премногу го сенчи цртежот, тоа може да укажува на анксиозност.

Дрвото претставува емоционална состојба. Ако дрвото е големо со разгранети крошни и зазема централно место на хартијата, детето се развива во силна и самосвесна личност.

Експертите веруваат дека секое дете има „тип“ на дрво кое го црта и дека низ цртежот на дрвото ги проектира своите карактерни особини.

Психолозите велат дека, на пример, цртеж со листови кои паѓаат од дрвото претставува страв од осаменост и желба детето да биде повеќе во близина на своите родители. Интересно е дека децата од градот почесто цртаат диви, додека оние од руралните средини цртаат домашни животни. Чудовишта, инсекти, змии или глувци на цртежите изразуваат страв, како и тенките потези на моливот.