РЕВОЛУЦИОНЕРНО ! Трансплантација на бели дробови со помош на роботи | Фото

905

Во болница во Барселона се врши трансплантација на бели дробови со помош на пионерска техника со робот и нова пристапна рута за која повеќе не е потребно отстранување на ребро и отворање на градниот кош, соопштија денеска експертите од таа клиника.

Хирурзите од Val d’Hebron University Hospital во Barcelona користеле робот со четири раце наречен Da Vinci за да исечат мал дел од кожата, ткивото и мускулите на пациентот за да ги отстранат оштетените бели дробови и да вметнат нови преку засек од осум сантиметри во долниот дел на градната коска, веднаш над дијафрагмата, објави Reuters.

Новата процедура е помалку болна за пациентот бидејќи раната лесно се затвора во споредба со традиционалниот метод кој бара рез од 30 сантиметри и многу деликатен постоперативен период, велат медицинските експерти.

– Сметаме дека тоа е техника која ќе го подобри квалитетот на животот на пациентите, постоперативниот период и ќе ја намали болката. Се надеваме дека оваа техника на крајот ќе се прошири во повеќе центри – изјави за новинарите шефот на Одделот за торакална хирургија и трансплантација на бели дробови во Val d’Hebron.

Оваа пионерска роботска процедура досега се користела само за лекување на рак на белите дробови. Според шпанското Министерство за здравство, земјата е глобален лидер во трансплантацијата на органи, со просек од седум дарители и 15 трансплантации дневно во 2022 година.