БОРБА ПРОТИВ СТЕРЕОТИПИ СО РАЗЛИЧНИ ЦРТАНИ И БАЈКИ

1315
По 94 години, Мини го соблече препознатливиот црвен фустан и прошета во син костум создаден од Стела Макартни (Фото: facebook/mausesteps)

И покрај дигнатата прашина во јавноста, Дизни во иднина во своите филмови ќе ги промовира припадниците на малцинствата и ЛГБТ заедницата, патем расчистувајќи ги „политички некоректните херои“ со кои растеле генерации.

Компанијата Волт Дизни објави дека до крајот на годината најмалку половина од ликовите во нивните филмови ќе бидат припадници на ЛГБТ заедницата или етничките малцинства, а оваа промена на својот Твитер профил ја објави извршната директорка Кери Бурк, која објасни дека “фабриката за цртани филмиви“ сака драстично да ја зголеми инклузивноста во своите продукции.

„Овде зборувам како мајка на две квир деца – едното е трансродово, а другото пансексуално, но ви зборувам и како лидер“, објасни Бурк, додавајќи дека поддржува многу ликови со ЛГБТ идентитет и дека Дизни е посветен на „создавање искуства кои ги поддржуваат семејните вредности за секое семејство“, поради што нема да толерираат дискриминација во било која форма.

Ова не е прва, туку последна во низата промени што ги донела познатата компанија во последната година. Додека светот се борел со пандемијата на корона вирусот, лидерите на Дизни решиле да се борат со политички некоректните “мангупи“ во нивните редови и почнале да ги отстрануваат од репертоарот сите анимирани ликови за кои ретроактивно се сетиле дека би можеле да промовираат расни или родови предрасуди.

Од платформата Дизни плус, наменета за деца до седум години, прв одлета” Петар Пан, еден од омилените ликови од бајките и вечното момче кое може да лета со помош на бајковита прашина и среќни мисли, објаснувајќи дека шири расистичка содржина и неприфатливи стереотипи. Заедно со него се забранети Маза и Луња бидејќи поттикнуваат расни предрасуди, како и Дамбо поради промовирање на суров третман кон дивите животни. Мачките од високото општество се отстранети од репертоарот затоа што ги потврдуваат расните разлики, како и Кралот на џунглата затоа што претставува расистичка карикатура на Афроамериканците. Наместо тоа, „Дизни“ минатата година за прв пат претстави ЛГБТ лик – станува збор за бисексуална девојка која се појавува во серијата Куќа на бувови и која има доминиканско-американско потекло.

На мета на кенсел културата“ е цртаниот лик Пепе ле Фуј, чии сцени биле отстранети од продолжението на Вселенска кошарка, во која Леброн Џејмс ја менува кошаркарската легенда Мајкл Џордан, а омилениот лик е отстранет поради обвинувања дека неговото однесувањето промовира “култура на силување“ бидејќи им се додворува на сите мачки во неговата околина.

Откако Сузан Арнолд е избрана за претседател на Управниот одбор на Дизни минатиот декември, како прва жена на таа позиција во историјата на компанијата, модната дизајнерка Стела Макартни ја облече“ Мини Маус во сини панталони и јакна по повод 30-годишнината од Дизниленд Париз, во коса наместо црвена машна ѝ ставила сина, а жолтите чевли со високи потпетици ги заменила со црни рамни салонки. Ваквиот редизајн на омилената глувчива челниците на Дизни го објасниле со желбата да промовираат силни и здрави личности“, односно да ги отстранат родовите предрасуди, кои, меѓу другото, се отелотворени кај девојките кои носат црвени фустани, а момчињата сини панталони.

Секоја од овие промени предизвика голема бура во јавноста, која со право се прашува која е поентата на оваа цензура на цртаните филмови ако децата живеат во свет во кој секојдневно се чекаат вести за почетокот на Третата светска војна. И додека повеќето родители негодуваат поради фактот што нивните деца нема да можат да растат со анимирани херои кои го одбележаа растот на генерациите, психолозите потсетуваат дека ретко кога цртан филм би добил дозвола“ за емитување – доколку се пристапи кон нивната психоанализа, бидејќи тие се полни со насилство и убиства. Почнувајќи од Волкот и Црвенкапа, преку Трите прасиња, па сè до Ивица и Марица.

– Тоа се многу насилни приказни кои децата ги раскажуваат пред спиење со децении. Сепак, цртаните се своевидна подготовка за животот, кои носат многу претерувања во прикажувањето на животните ситуации, но содржи и многу лековит хумор. Сепак, не треба да заборавиме дека најголеми модели за идентификација се родителите, па дури потоа врсниците – доколку во семејството има насилство, мизогинија или расизам, детето ќе усвои модел на однесување што го промовира „проблематичниот“ херој од цртаните филмови. Меѓутоа, доколку однесувањето на анимираниот херој не е поткрепено со животното искуство на детето, цртаниот филм ќе ја има целта за која е создаден, а тоа е хуморот и забавата. Објаснувањето дека цртаните филмови се забранети за деца до седум години нема психолошко оправдување, бидејќи таквите мали деца не ни забележуваат класни и расни разлики меѓу ликовите. Децата добиваат „лекции“ за расизмот и класните разлики од нивните родители, кои горе-долу суптилно им објаснуваат со кого (не) треба да се дружат и кога треба да ги избегнуваат – објаснува психологот Маја Антончиќ.