Дали знаете како (подобро) да учите

1350

Секој ученик со текот на времето го развива својот стил на учење. За овој процес да трае што е можно пократко и да биде што е можно поефикасен, постојат неколку клучни фактори ако со текот на времето, секој ученик развие свој стил на учење многу фактори кои влијаат на учењето и кои можат да го олеснат

Работно окружување

Задржете го своето место за учење кое ќе биде организирано според вашите навики и потреби и местото каде што ќе ги чувате вашите книги и тетратките. Нека тоа биде место кое ќе биде тивко и каде што нема да ве вознемируваат други звуци или луѓе. Со оглед на тоа дека и целосната тишина може да ви оди на нерви, идеално би било во позадина да пуштите тивка музика која ќе ги неутрализира сите други звуци кои претставуваат пречка. Исто така, додека учите не е лошо да ги исклучите звуците на мобилниот телефон за да не ви го одвлекува вниманието.

Направете план

На почетокот на полугодието направете план за полагање на тестови, распрашајте се како испитот ќе изледа и на тоа приспособете го учењето. Учете колку што е можно повеќе на исто место, а во времето на најжестокото учење бидете физички активни и прошетајте. Поделете го материјалот на помали целини, правете белешки, а ако не разберете нешто – прашајте некој. Исто така, ако е можно, не учете ноќта пред тестот, подобро наспијте се.

Учете активно

Додека учите потрудете се да го разберете материјалот и поврзувајте го со она знаење кое веќе го имате и обидете се помалку да учите на памет. Учењето “на памет” е потешко, а подоцна материјалот ќе го заборавите и ќе мора повторно да го учите, ако ви биде потребно. За да учите активно, додека учите читајте полугласно и повторувајте мали целини. Движете се понатаму само кога ќе ги научите. Важните делови на текстот подвлечете ги со маркер – а деловите поминете ги при повторување. Ако делот од материјалот при повторување не ви е познат, препрочитјте сè. Тоа ќе ви помогне и ако со свои зборови го толкувате материјалот, e еден од советите од страната mef.unizg.hr.

Продолжува на страна 2