Дали знаете како (подобро) да учите

1910

Како да се мотивирате?

Секогаш е лесно да се направи план на учењето, но тој често може да не се оствари кога треба да се премине на работа. За да ја избегнете можноста планот на учењето да не успее, мотивирајте се.

Кога ќе научите еден дел од материјалот, радувајте се, наградете се и „прославете“ го тоа со пријателите. Бидете упорни и не се откажувајте. Ако материјалот ви е непривлечен, пронајдете во него некои занимливости и со нив мотивирајте се за понатамошно учење.

Ако едноставно не можете да се фокусирате на учење одморете се и направете нешто друго, јавете се на некој пријател или пријателка. Но, тоа да не трае предолго за да можете да се вратите на учењето. Мотивацијата може да го намали неуспехот. Во такви ситуации, помошта и поддршката, побарајте ја кај пријателите или семејството.
Што да не направите додека учите

Проверете кога имате испити и соодветно распоредете го времето. Не потпирајте се на вашите колеги дека учат сосема малку и не се водете со тоа кој колку од нив одвоил време за учење. Направете план во согласност со вашите потреби. Не брзајте низ материјалот, туку активно повторувајте. Не се откажувајте од учењето доколку наидете на едно парче од материјалот кој не го разбирате и не го прекинувајте учењето заради забава или други активности.

Како да се учи

Кога се учи математика, физика, хемија и други предмети, неопходно е да се разбере материјалот и да се вежбаат задачите. Улогата на родителот е на детето да му го објасни материјалот ако детето не го разбира, да му помогне да ги забележи своите сопствени грешки и само да ги поправи. Кај учењето на такви предмети помага испишување формули на посебна хартија или во тетратка.

За да се избегне “генерациска разлика” во родителското објаснување на материјалот не е лошо родителите да се консултираат со наставникот на детето, да ја проучат книгата на детето или тетратката.

Кај пообемен материјал потребно е да се одбележат најважните делови од текстот и резимето од текстот во потточки кои подоцна би биле користени за повторување на материјалот. Кај покомплексниот материјал може да се црта “ментална мапа”, во која главните поими се поврзуваат со линии на кои се објаснети односите помеѓу поимите. При учењето на историја корисно е да се создаде “лента на времето (времеплов)”, додека за географија корисно е да се подготват мапи, пишува порталот здрав – живот.

По учењето добро е научените лекции да се прераскажат на глас .

Подготви педагог Виолета Крстевска Васиќ

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk