МОДЕРНО СКОПЈЕ | Ѕирнете во градот кој е кренат од пепелта

3188
Влада на Република Македонија - 1970 година

Никогаш не сте стапнале во Скопје? Еве ви шанса ако не со нога, тогаш барем да ѕирнете во главниот град на Македонија.

Ви пренесуваме фотографии од најфасцинантните градби на градот на Вардар, барем во однос на модерната архитектура. Имено, во 1963 година Скопје го погоди еден од најразорните земјотреси во овој дел на Европа.

Околу 200.000 луѓе останале без покрив над главата, а околу 80 отсто од градот бил уништен. И градот требал да се издигне од пепелта, а некои идејни решенија биле далеку пред своето време, како она што го дал познатиот јапонски архитект Кензо Танге. Но, покрај овие згради има и неколку постари згради.

„Историјата на Скопје во 20 век е фатена во неколку бранови на модернизација: од вестернизација и деотоманизација во првата половина на векот, преку меѓународниот модернизам и ревизија на функционалноста на градот во втората половина, до деградација на целиот урбан простор на крајот на 20 век“, изјави архитектот Минас Бакалчев.

Универзитетски кампус – 1974 година
Хидрометеоролошки завод – 1977 година
Црква Свети Климент Охридски, проект започнат во 1966 година
Македонска радио телевизија – 1971-1983 година
Електро стопанство на Македонија – 1962 година
Градска болница – 1929-1934 година
Градски трговски центар – 1973 година
Идејно решение за оновување на центарот на Скопје по разорниот земјотрес што го погоди македонскиот главен град во 1963 година. Истиот е потпишан од познатиот јапонски архитект Кензо Танге. Оваа идеја сепак не била прифатена, но проектот делумно презел некои решенија
Комплекс банки – 1975 година
Работнички дом – 1958-1962 година
Архивот на Македонија – 1966-1968 година
Гимназија Јосип Броз Тито – 1966 година
Македонски народен театар – 1979 година
МАНУ -1976 година
Парламент на република македонија – 1938 година
Студентски дом Гоце Делчев – 1971-1975 година
Стопанска комора, Метропол – 1933 година
Влада на Република Македонија – 1970 година
Стара железничка станица – 1938 година