По објавата во јавноста денеска сите се прашуваат како на Роналдо и Џорџина им се случи кобниот исход со сите прегледи и скапи доктори? Еден доктор има одговор.
Светот го погоди веста дека синот на Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез починал за време на породувањето. Сите биле изненадени од тоа им се случило со оглед на фактот дека Џорџина сигурно го имала најпрофесионалниот тим на лекари кои ја следеле нејзината бременост и имале најдобри можни услови да ги роди близнаците кои ги носела.
Тежок пост
Во емотивната објава на својот Инстаграм профил, прославениот фудбалер Кристијано Роналдо со јавноста ја сподели најстрашната вест што може да му се случи на самохран родител, а тоа е дека едно од неговите деца починало за време на породувањето. Додека пак, девојчето, за среќа, е родено живо и здраво.
Колку бременоста близначка сама по себе е поризична, како одредени здравствени проблеми при многу прегледи, ултразвук и пренатални тестови можат нешто да сокријат и да доведат до смртен исход и дали има превентивни мерки или понекогаш, едноставно за се е виновна судбината, на сите овие прашања одговори проф. д-р Ана Митровиќ Јовановиќ за Žena.rs.
Прегледи на бремени жени
„Во текот на бременоста се прават бројни прегледи, анализи и ултразвучни прегледи со цел навреме да се утврди дали има проблем, да се реагира и да се спречи негативен исход. Но и покрај сето ова, невозможно е целосно да се тврди дека се е во ред со бебето, дури и кога сите тие анализи и испитувања се во ред. За жал, во медицината тоа е така“, изјави д-р Митровиќ Јовановиќ.
Потоа додала: „За жал, многу работи неочекувано можат да тргнат наопаку и секогаш можете да кажете дека требало да биде поинаку по немил настан, но тогаш е предоцна. Денес можете да прегледате трудница, да правите се, а утре детето да не биде живо. Да кажеме да се слуши тромбоза на папочната врвца, срцев удар, плацентарна абрупција, аспирација и секогаш се прашувате зошто вчера не сте ка породиле таа пациентка кога била нормална бременоста, но тоа е едноставно така.“
Фаталните исходи се ретки
За среќа, вакви трагични ситуации се ретки. Колку и да звучи утешно, имајќи предвид дека секој изгубен живот при раѓање ги погодува најмногу родителите, но и лекарите кои со сите сили се бореле да донесат здраво дете на светот.
За време на породувањето, т.н. интрапородилната смрт на здрав фетус е за среќа многу ретка, но секој случај е запаметен како најголема трагедија и може да се случи поради повеќе причини; ако фетусот страда и не добива доволно кислород, а на CTG што го следи срцевиот ритам на плодот, континуирано нема сомнителна евиденција, па затоа на време не ја породувате пациентка со вакум или царски рез.
„Фатален исход може да дојде ако има обилно крварење или руптура на матката, поради претходно породување со царски рез или претходни операции на матката, по операција за фиброиди, септум, тромбоза на папочната врвца, срцев удар, емболија, аспирација, фетална конгестија, тешка екстракција на плодот со вакуум и форцепс“, ги наведе причините за трагичните исходи проф. д-р Ана Митровиќ Јовановиќ.
Бременоста со близнаци е ризична
„Значаен процент од овие бремености завршуваат пре терминот кога децата се незрели и има голем број на компликации кои го спречуваат фетусот да преживее, што може да биде: мала телесна тежина, незрели бели дробови, незрел централен нервен систем, церебрална хеморагија, конвулзии, респираторен дистрес, инфекции или сепса.
Понекогаш има компликации дека едниот фетус расте нормално, а другиот страда, понекогаш едниот фетус е здрав, а другиот не, понекогаш едниот фетус може да умре интраутерино, а на другиот фетус му се дозволува да расте за да ја достигне возраста на бременост на која другиот плодот ќе може да преживее. Понекогаш може да дојде до предвремено пукнување на плодовата вода на едниот фетус“, посочува и објаснува докторката за Žena.rs.