Среќата е во мали нешта, и тоа во оние кои се бесплатни. Често тоа го забораваме. Ние стануваме премногу зафатени за да запреме и да вдишеме живот во потполност.
Понекогаш едноставно само треба да се подигне главата, да видите нешто што го сакате, и да се почувствувате подобро …
Сајтот Bright Side објави некои од најдобрите чувства на светот. Дали и вашето е меѓу нив?
-
- Кога ќе симнете неудобни чевли по напорниот ден;
- Кога ќе ја ставите раката во ориз или грав;
-
- Кога ќе го бакнувате бебето во мекиот образ;
- Пукање на балон од мастика;
- Туширање со вода со идеална температура;
- Првиот залак од вашето омилено јадење;
-
- Легнување во кревет, по напорниот ден и непроспиената ноќ;
- Кога ќе бакнете некој кој ви се допаѓа, по долго време;
- Мирисот на новата книги;
- Првата голтка на утринското кафе;
- Одење по врелиот песок на плажа, во вечерните часови;
- Прошетка по благиот, летен дожд;
-
- Потопување во ладна вода по топлиот ден;
- Масажа на грбот;
- Кога одите боси по трева;
- Мирис по дождот;
- Допирот на крзното на вашето домашно милениче;
- Кога ја допирате косата по шишање;
- Греење на рацете пред огнот;
-
- По кивавица;
- Додека слушате како мачката ви преде додека се одмара на вашите гради;
- Мирис на белиот лук кој се пече во маслиново масло;
- Четкање заби со нова четка;
- Ставањето очила откако сте ги исчистиле;
- Кога ќе почувствувате пеперутки во стомакот додека возите на низдолница;
- Кога ќе прегрнете некој кој ви недостасувал;
- Кога сте завиткани во ќебе додека надвор силно врне дожд;
- Кога ќе почувствувате пријатен мирис кој сте го запомниле уште во детството;
- Кога ќе почувствувате мирис на скара кој само што не е поставена во вашата чинија;
- Отворете ги очите и сфаќате дека – е сабота.
*Бонус чувство – Кога ќе почувствувате олеснување, бидејќи сте се ослободиле од нешто (на пример, работа) или некој (пријател, кој веќе долго време ве нервира).
Сподели со нас чувства кои те прават среќна/ен, па заедно да ја прошириме оваа листа.



















