Како изгледа генетската карта на Европа?

1640
Кои сме, што сме и што ни кажува генетиката?

Ако пoгледаме колку човечка крв е пролеана во последните 1000 години, колку човечки животи е уништено и колку несреќни луѓе се протерани од своите огништа за политички, религиозни и геостратешки интереси, тогаш станува јасно колку “разликите” меѓу луѓето се обидуваат да ни се наметнат.

Па, сепак, генетската карта на Европа е зачудувачка и во многу нешта поинаква од општествено-политичките желби. Со право се прашуваме: зошто сме се убивале и на кој тоа му одговара?

Кои сме, што сме и што ни кажува генетиката?

На горната фотографија, се гледаат доминантните генетски хаплогрупи по географски области. За да сфатиме подобро ќе ги објасниме наведените хаплогрупи.

Хаплогрупа i2

Хаплогрупа i2: На главната карта означена со темно зелена боја. Обично со i2 се нарекува динаридната хаплогрупа или динарокавкашки геном. Оваа хаплогрупа е најчеста во областите на поранешна Југославија, Романија, Бугарија, во помал размер меѓу другите Словени, но и за чудо, меѓу Сардите во Сардинија и Корзиканците. Најмногу е застапена помеѓу Босанците и Херцеговаците 55%, од кои 71% меѓу Хрватите во Босна, потоа меѓу Сардите 39,5%, Хрватите 38%, Србите 33%, Црногорците 31%, Романците 28%, Молдавците 24%, Македонците 24%, Словенците 22%, Бугарите 22%, Белорусите 18,5%, Унгарците 18%, Словаците 17,5%, Украинците 13,5%, Албанците 13,5% , а застапена е и меѓу Германите со 5-10%. Хаплогрупата i2 сѐ до 2007 година се нарекувала i1b.

Се смета дека генетски својствено е настаната пред околу 28-32 илјади години. Луѓето со изразен динариден халиoтип се сметаат за највисоки во светот со просек од 185,6 сантиметри. Остатоци од луѓе со доминантен i2 геномен се пронајдени во пештерата Franchthi на Пелопонез, на Крит и Сицилија, што упатува на тоа дека оваа хаплогрупа потекнува од источниот дел на Медитеранот.

Хаплогрупата i2a најверојатно припаѓа на првите анатомски модерни луѓе кои ја населиле Европа, поточно на Кроманњонците. Студијата од 2015 година открила 13 илјади години стари остатоци од луѓе од таканаречената азиланска култура во шуми на Швајцарија. Сите тие имале изразен геном i2a. Сардите кои имаат изразен динаридски ген i2 се сметаат за еден од најстарите народи на Европа, интересно е што Баските во Шпанија и Франција имаат околу 5% од овој ген.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2