Секој од нас понекогаш е заробен во еден магичен круг на празно секојдневие, страдање, мачни односи и оптоварувачки обврски и на секој понекогаш му е потребно малку мудрост, својот живот да го врати на вистинскиот пат.
Еден човек праша мудар човек – како да излезам од маѓепсаниот круг на празниот секојдневен живот во кој нема љубов или среќа?
Мудрецот му одговорил – од кругот можеш да излезеш само на она место каде што се спојуваат почетокот и крајот!
Човекот длабоко се замислил и тргнал во потрага по местото каде што небото се спојува со земјата, но хоризонтот секогаш бил на исто растојание. Уморен од сѐ, седнал на брегот на океанот, мислејќи дека стигнал до крајот на светот. Зборовите на мудрецот му одѕвонувале во главата.
Долго седеше на брегот гледајќи го сонцето и облаците, а ноќе месечината и ѕвездите и конечно го виде своето минато и иднина како се спојуваат во сегашниот момент и го обликуваат неговиот живот.
Тој го знаеше одговорот. Нема место во светот каде што почетоците се спојуваат со краевите, но на секое место крајот се влева во нов почеток во дадено време.
Повторно го побара старецот кој го упатил кон хоризонтот, решен во намерата да го совлада времето и да дознае во кој момент може да се ослободи од лошата среќа.
Човекот повторно го праша мудрецот – сега знам каде се поврзуваат почетокот и крајот, што треба да направам?
Мудрецот одговорил:
- Ако твоето минато е исполнето со страдање, почекај на моментот кога сонцето на хоризонтот ќе почне да се искачува и тогаш остави го сето свое страдање зад себе.
- Ако во минатото си бил роб на лоши навики, почекај сонцето да започне да се искачува и во следните три дена прави го токму она што сакаш да го правиш до крајот на животот.
- Ако твоето минато е исполнето со мачни односи, тогаш побарај некои нови луѓе и тргни со нив во својата иднина, а сите останати остави ги зад себе и не гледај наназад.
- Ако во твојот живот немало радост, тогаш, направи нешто што ќе те направи среќен, колку и да е тоа мала работа, таа ќе се прошири на целата твоја иднина.
- Ако во твојот живот немало љубов, во тој момент копнежливо погледни во сонцето и ќе ја сретнеш љубовта на својот живот.
Човекот му се заблагодарил и отишол по својот пат. Тој никогаш повеќе не го посетил мудрецот.
Нека вашите стари маки останат зад вас, понесете го само она со што сакате да ја исполните својата иднина. Ако тоа го направите, ќе ја сретнете љубовта на својот живот!
Барем така вели една стара легенда за еден човек и еден мудрец.



















