Ново откритие во Помпеј | Археолозите пронашле фреска на која е прикажан Нарцис

464

Шефот на археолошкиот тим во Помпеј, Алфонсина Русо, рече дека поради најновото откритие, ќе мора да го промени планот за ископување, бидејќи таа и колегите сакаат да востановат дали таму има уште слични фрески.

“Откривме елегантни и сензуални фрески во урнатините на една богата куќа која наскоро може да биде отворена за јавноста”, рече Алфонсина.

Покривот е срушен, но археолозите успеале да пронајдат и да ги компонираат сите делови од фреската на која е прикажан Нарцис.

Античкиот римски град Помпеја бил уништен 79 година пред нашата ера во ерупција на вулканот Везув.

Нарцисот бил многу популарна митолошка фигура во римската уметност.

Според него, настанал терминот “нарцизам” или екстремен интерес за себе. Прв овој израз во науката го употребил познатиот австриски невролог и основач на психоанализата, Сигмунд Фројд.