ПУТИН: “Доста е! Создадовме сопствен интернет кој нема да зависи од никого”

767

Русија мора да создаде сопствени делови на интернет во случај кога Западот да не им дозволи пристап до глобалниот интернет, изјави претседателот Владимир Путин, пренесуваат руските новински агенции.

“Мислам дека (странските земји) добро ќе размислат пред тоа да го направат, но секогаш постои теоретска можност (Русија да биде исклучена од интернет) и затоа треба да создадеме сегменти кои не зависат од никого”, рече Путин, а пренесува згенцијата Tass.

“Не можам да зборувам во име на нашите партнери, кои се нивните тајни планови, но мислам дека тоа е за нив колосална штета”, рече тој без никакво објаснување.

Путин ова го кажа откако руските парламентарци се изјасниле за построга контрола на интернетот со цел да се бранат од надворешните влијанија. Критичарите, меѓутоа, предупредуваат дека предложениот закон може да го ремети интернетот и би се користел за сузбивање на секоја критика.

Предлог-законот има за цел рускиот интернет сообраќај и податоците да се насочат на точки, кои се под контрола на руската влада и предлага изградба на национален доменски систем со име (DNS) кој ќе овозможи интернетот да функционира дури и ако Русија е исклучена од инфраструктурата на странска мрежа.