Петте најефикасни програми за родителството за намалување на проблемите во однесувањето кај тинејџерите

2319

Сите родители го сакаат она што е најдобро за нивните деца.

Но, не знае секој родител како да му даде на своето дете алатки со кои ќе биде успешно или како да му помогне да ги избегнат најголемите проблеми во однесувањето на адолесцентот – злоупотреба на дрога, деликвенција, напуштање на училиштето, бременост и насилство.

Овие проблеми можат да влијаат на остатокот од животот на децата. Истражувачите од Универзитетот Вашингтон оценија дваесетина програми на родителското воспитание и пронајдоа пет кои се особено ефикасни во помагање на родителите и на децата од сите ризични групи како да се избегнат проблемите во однесувањето кои не влијаат само на поединците, туку и на цели заедници.

“Со спроведувањето на овие програми забележуваме значителен пад на злоупотреба на дрогата, се намалува агресијата, депресијата и анксиозноста, а значително се подобрува менталното здравје”, рече Kevin Haggerty, помошен-директор на Универзитетската истражувачка група за социјален развој при Факултетот за социјална работа.

“Го гледаме влијанието на тоа кога родителите се на иста бранова должина и заедно работат за да ја обезбедат околината која промовира благосостојба. Можат да се постигнат долгорочни ефекти.”

Студијата е објавена во тековниот број на списанието Journal of Children’s Services.

Haggerty рече дека е иронично тоа што родителите поминуваат часови посетувајќи часови за породување што ќе се случи природно, но не постои обука за тоа како навистина да се воспитува дете. Тој пред неколку години посетуваше работилници за родителите и вели дека учењето како да се справи со конфликтите ја промени динамиката на неговото семејство.

“На сите нѝ е потребна мала помош во родителството”, додаде Haggerty. “Тоа е тешка работа за која не сме добиле инструкции кога нашите деца се родени.”

Програмите кои Haggerty и неговите колеги ги препорачале се ефикасни во широк распон на семејството кои ги споделуваат различните вредности на животот. Сите пет проекти се во согласност со моделот на општествениот развој, кој се фокусира на поттикнување на можности, вештини, награди за позитивно социјално однесување, поврзување и јасни очекувања на однесување.

Продолжува на страна 2