НЕГОВОТО ВИСОЧЕСТВО КРОМИДОТ | СЕЗОНСКА КАШЛИЦА И БРОНХИТИС 

123

Кромидот (Allium cepal.) потекнува од Азија и се гаи повеке од 5000 години. Со тоа претставува еден од најстарите зеленчуци познати на човештвото.

Се користи во исхраната во текот на целата година, како млад кромид со зелени перца кои се одличен антиоксиданс, потоа во лето како недозреана главица, како и зрела главица во зима.

А сега најпрво да кажеме за неговата хранлива вредност

Кромидот има најмногу јаглехидрати а многу малку протеини и масти, но основната биолошка вредност на кромидот ја прави комплексот од витамини и минерали Б1, Б2, Ц, Е, К, П, провитамин А, глукозид, етерични масла… и многу други компоненти кои го прават да биде главен во секоја кујна во целиот свет. Кромидот содржи растителни хормони кои се многу слични на инсулинот.

Тој е и одличен диуретик, особено сварен со магданос. Одличен е за сите белодробни заболувања, за дигестивниот систем, дава мирен сон, го регулира шекерот во крвта, ги прочистува крвните садови, го прочистува џигерот, ги раствара маснотиите, ја забрзува работата на бубрезите, помага за исфрлање на вишокот течности од организмот…

Со еден збор, ако јадете кромид му помагате на целиот ваш организам и метаболизам и се заштитувате од многу болести.

Еве како со помош на кромид да се спасите од бронхитис, сезонска кашлица во зима и алергиско кашлање

1. Наједноставен рецепт е чајот од лушпи од кромид. Од неколку главици кромид извадете ги лушпите и сварете ги во литар вода. Подолго време варете ги. Потоа процедете и на секој 2-3 часа пијте по еден филџан. Веднаш ке ви биде подобро. Ако сакате можете да му направите и засладувач: 1 филџан мед измешано со 1 филџан сок од лимон и 1 филџан ладно цедено маслиново масло. Се меша и се става во чајот по едно лажиче.

2. Сируп за кашлица од кромид: 1литар вода, 4 главици кромид исечен на крупно сосе лушпа и 10 накршени ореви сосе лушпа. Се ова треба да повари 30 тина минути, да изврие течноста до пола и се додава на крај, кога ке остини малку, 300гр мед. Се пие по 2 лажици на секој 3 саати.

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk