Жената која престанала да … престанала со сѐ! Афирмативен текст кој не мора, а треба да се прочита

513

Таа сфатила дека таа е тоа што е, и дека тоа што не е искрена кон себе е лоша услуга кон нејзината душа и светот.

Престанала да ја слуша бучавата на целиот свет. Таа го осознала тивкиот глас на својата душа како најубав можен звук.

Престанала да ги преиспитува своите мотиви, намери, апел на својата душа. Таа сфатила дека прашањата бараат одговори, а можеби веќе ги знаеше одговорите.

Престанала да се труди, да форсира, турка и да останува на тешкиот пат. Таа сфатила дека ако остави некои работи настрана може да тргне по другиот пат.

Завршила со пријателите кои ја предупредувале да биде ведра и весела. Таа сфатила дека тие не разбрале колку длабоко плива во водите на животот, чувствувајќи се како дома во нивните темни длабочини, дека умира со секое излегување на површината.

Завршила со пренасочување на вниманието, негирање, мали зависности кои ја откорнале далеку од вистинските желби на нејзината душа. Сфатила дека силата на карактерот доаѓа од фокусот и посветеноста.

Престанала да негира желби кои ја викале од нејзината душа секој ден. Таа сфатила дека ако ништо не направи за нив, тие ќе умрат со тивка смрт, земајќи дел од нејзината душа со себе.

Веќе не оди на ноќни забави и коктел журки каде разговорите ја доприраат само површината на животот. Таа сфатила дека пијачките создаваат искривена реалност и привремена среќа која не е реална и исчезнува во светлината на денот.

Престанала да се обидува да им угодува на другите. Таа сфатила дека никогаш не може да успее.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2