Жената која престанала да … престанала со сѐ! Афирмативен текст кој не мора, а треба да се прочита

2049

Таа престанала да се обидува да се вклопи – да биде дел од популарната маса. Таа сфатила дека цената која мора да ја плати за да биде во тоа преголема и дека ќе ја издаде својата душа.

Таа престанала со недоверба. Таа сфатила дека својата доверба ја имала во луѓето кои биле несигурни – така и почнала со лице на кое му верувала најмногу – себеси.

Таа завршила со заморување. Сфатила дека тоа доаѓа од трошење време на работи кои не ѝ донеле радост или ја хранеле нејзината душа.

Таа престанала да се обидува сѐ да сфаќа, да ги знае сите одговори, сѐ да планира и да ги види сите можности пред да почне. Таа сфатила дека животот продолжува и дека заобиколниците се неочекувани моменти на некои од најдобрите делови на животот.

Таа престанала да бара разбирање од било кого освен од себе. Таа сфатила дека единствената личност која би поминала сѐ и разбирањето на себеси било многу поважно отколку да се биде разбран од страна на некој друг.

Таа престанала да бара љубов. Таа сфатила дека да се сака и да се прифаќа себеси е најдобриот вид на љубов и дека тоа е семето од кое сите други љубови започнуваат.

Таа престанала да се бори, да се обидува да се промени себеси, така што го прифатила своето тело. Сфатила дека телото во кое дошла на овој свет е единственото нешто што има – дека не може да го замени или да го врати – така што љубовта и прифаќањето и е единствениот пат.

Таа престанала да се прилагодува, поврзува и ажурира цело време. Таа сфатила дека вестите и галамата на овој свет се секогаш таму – какофонија која никогаш не успорува и замолчува и дека слушање на тишината на нејзината душа е подобра станица за подесување.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 4