Престанала да се малтретира себеси и да се мачи како да било која од овие работи ќе доведе до промени или ќе ја направи подобра. Сфатила дека добрината и сочувството кон себе и кон другите постигнува многу повеќе.
Престанала да се споредува и да ги набљудува животите на другите луѓе како огледало за својот живот. Таа сфатила дека држејќи го нејзиното огледало се гледа себеси во најдобра и најпрекрасна светлина.
Таа престанала да биде тивка, без емоции и да ја држи устата затворена. Сфатила дека нејзиниот глас и емоциите можат да се следат се до најдлабоките желби и копнежи, само ако ја следи нејзината линија.
Таа престанала да биде во право. Сфатила дека нечии вистини се релативни и лични, така што единствената вистинска вистина е она која ја чувствува дека е вистинита за неа.
Таа престанала да се чувствува како гостин на овој свет. Таа сфатила дека никогаш не може да се чувствува како дома во овој свет, но чувството дома во нејзината душа е сосема доволно.
Таа престанала да дозволува другите да ја исцрпуваат – луѓе кои не сакале да го искористат своето време за своите процеси, а ги виделе кратенките преку неа. Таа сфатила дека може да споделува искуства, но дека секој мора да ја направи својата работа.
Таа престанала да мисли дека има толку многу од она што треба допрва да научи, спознае. Таа сфатила дека таа може да знае многу, но само ако слуша.
Таа престанала да се обидува да ги промени другите или да им помага да видат некои работи. Таа сфатила дека може да води само со личен пример, а ако видат или следат тоа зависи од нив.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 5


















