Младата Месечина во Скорпија, “длабоко женствена”, ќе ни даде можност да зарониме во својата моќ, вели астрологот Лена Стивенс. Но, тоа е и добро време да размислите за тоа каде таа наша моќ лесно би ја препуштиле.
“Направете нешто за себе што претставува враќање на таа моќ во областа на лекување, уживање и креативност”, совет е на астрологот.
“За оваа Млада Месечина определете ја намерата дека ќе ја следите својата внатрешна женска мудрост. Без разлика дали сте маж или жена, таа е важна и моќна енергија, која обезбедува длабока интуиција и пристап до личната вистина.”
Потсетете се на случаите кога не сте ѝ верувавле на интуицијата, и тоа довело до искуства кои биле поголем предизвик отколку би требало да бидат. Ако сте спремни да дојдете до вистината, бидете спремни да ја примите, заклучува овој астролог.
Гледајќи ја Младата Месечина во Скорпија од позитивната страна, “ќе зборуваме за можностите за зајакнување, за личната одговорност и за ослободување на негативните модели”, што е “легитимно толкување на архетипот на Скорпијата, особено на крајот на Јупитеровото долго поминување преку тој знак”, вели астрологот Ејприл Елиот Кент.
Но, исто така, секоја година во времето на Скорпијата Leonids, метеорскиот дожд, кој е именуван по соѕвездието Лав, кој (како и неговиот владетел Сонцето) ја симболизира силата на животот, нашата причина што сме тука и дел од секој од нас кој е страсно вклучен во животот. Тој го симболизира “човечкиот нагон да создава уметност и деца, да ја надитри смртта, оставајќи парчиња на бесмртниот самиот себе”. Така, дури и во темното време на Скорпијата, се манифестира тој нагон за создавање.
“Младата Месечина во Скорпија нè потсетува колку лесно несреќите, болестите и убиствата можат да го земат нашето тело, во секое време. Телото на крајот ќе замине, и тоа не може да се избегне. Но, животот не е тело. Животот не исчезнува само поради тоа што презема форма која веќе не ја признаваме. Животот е како светкањето на Леонид, светли траги од правта на кометата долж небото”
А што се однесува до љубовта …
Скорпијата е знак кој доминира во поголемиот дел од октомври и затоа е толку тежок за сите нас. Особено затоа што Венера е ретроградна во овој длабокоумен и темен знак, постојано се прашувавме дали ќе се извлечеме од оваа дупка во која паднавме и дали нашите романтични врски навистина се осудени на пропаст.
Енергијата на Скорпијата има за задача да нè наведе малку да се задлабочиме, да бидеме реални и да откриеме што се крие во сенките и што нè држи далеку од животот кој сакаме да го живееме.
Младата Месечина е поинаква. Поминавме низ различни фази во последно време, и сите тие биле насочени кон откривање на вистината која се крие длабоко во нас. Потрагата по вистината вроди плод, и сега можеме да застанеме и да продолжиме напред со главата крената нагоре.
Скорпијата има две страни со кои управуваат Марс и Плутон. Енергијата на Марс е агресивна, амбициозна и ги разбудува нашите природни желби. Плутон е планета на божествена енергија, која манифестира вера, а многумина ја сметаат за узурпатор на статус кво. Во моментов, Јупитер, планетата на среќата се поместува во знакот на Стрелец па ќе бидеме способни да планираме однапред, да размислуваме, и всушност да се движиме кон она што сакаме да постигнеме во иднина.
Меѓутоа, поради тоа што Венера, планетата на љубовта е ретроградна до 15 ноември, повеќето од нас ќе се фокусираат на љубовни врски, па оваа Млада Месечина, всушност, означува почеток на ново поглавје во нашите животи. Изминатите неколку недели биле многу тешки за нас. Видовме многу раскинувања, анксиозност, па дури и безнадежни ситуации. Се откажавме од надежта, изгубивме вера и се чувствувавме изгубени.
Наместо да ги уништиме мостовите зад нас, решивме да разговараме со партнерот и да најдеме решение. Време е да станеме помалку битно “јас” и во фокусот да бидеме “ние”. Време е за нови почетоци. Многумина од нас, кои биле сведоци на некој крај или на раскинување, сега ќе бидат подготвени за нов почеток, и тоа на сосема нов начин.



















