Ова никој на време не нѝ го кажал за бракот… а би требало! На сите би им било полесно

865

Ако неодамна сте стапиле во брак, веројатно ви биле дадени неколку совети за тоа како треба да се однесувате во брак, што би можеле да очекувате, што е добро, што не е …

Веројатно, тој совет не сте го побарале, но ете од добронамерниците не може да се избега.

Но, за некои работи не се зборува доволно, а би требало. Да речеме за оние помалку убави работи кои го следат заедничкиот живот.

Па, еве што не им се кажува на „свежо венчаните“ двојки, а би требало.

Понекогаш сами сте си причина за проблемите

Кога станува збор за проблемите во врската и бракот, честопати не ни паѓа на ум дека можеби ги предизвикуваме ние самите, или личноста која ја сакаме. Понекогаш се случува едноставно како едната страна да почнува да се чувствува како да прави сè, додека другата не сака ниту со прстот да мрдне. Да речеме, сите одговорности околу куќата паѓаат само на една личност, а потоа таа почнува да се чувствува осамена, како да е во безнадежна ситуација. Ако тоа се случи, сè што треба да сторите е да седнете, да разговарате и да пронајдете некое решение со кое и двајцата ќе бидете задоволни.

Ќе се промените, двајцата

Генерално, никого не можеме да промениме, и не треба да влегувате во брак со идејата дека тој или таа ќе се „средат“ кога ќе стапите во брак. Нема. И тоа треба да ви биде јасно. Но, вие дури и не можете да очекувате дека вие и личноста која ја сакате засекогаш ќе останете такви какви сте биле кога сте се венчале.

Сите нас не менуваат нови искуства, годините што поминуваат … и тоа неизбежно влијае и на односот со партнерот. Она што сега го имате нема да биде исто за 10, 20 години, но тоа не треба да ве плаши. Само не дозволувајте годините да ве оддалечат, научете да растете и да се развивате како двојка, заедно со вашиот личен развој, пишува YourTango.

Продолжува на страна 2