Малите нешта што ви одат на нерви кога се е добро, можат да бидат фатални за вашиот брак кога ќе дојдат тешките времиња
Можеби некогаш ви било симпатично кога тој сркал кафе или супа, но кога тоа го слушате од ден … Ќе сфатите дека тоа всушност ве вознемирува, особено ако сте во лошо расположение. Она што е важно е да никогаш не си дозволите баналностите да ви пречат како ова или оставените валкани ствари низ куќата да бидат причина за кавга.
Не би било лошо пред да отворите уста и на партнерот да му „одгризнете главата“ застанете на момент и запрашајте се дали она околу кое сега сте подготвени да се скарате ќе ви биде важно за шест месеци, една година, шест години … Ако не – не е вредно за кавга.
Постојат работи кои не можат да се решат со разговор
И постојат работи околу кои никогаш нема целосно да се согласите. Но, најпаметната работа е едноставно да се согласите дека не се согласувате за одредени прашања и да продолжите понатаму.
Ако сте во лоши односи, нова одговорност нема да ги реши проблемите
Ако сте во затегнати односи, не е решение да направите бебе или да земете куќа. Единствено што може да помогне е да разговарате, да се разберете еден со друг и со тоа да ги решите проблемите.
И никогаш не заборавајте дека љубовта мора да се негува. Од ден на ден.



















