На жената ѝ треба љубов, на мажот му треба почит !

748

Знаете ли што е она најважно, што сакаат жените од своите сопрузи?

Тоа е љубов!

Повеќе од сè друго, тие треба да бидат сигурни дека ги сакате. И тоа треба да им го повторувате повторно и повторно, можеби сто пати годишно.

А знаете ли што е најважната работа која мажот ја сака од својата сопруга? Не е секс, верувајте ми.

Тоа е почит.

Ако го почитувате својот маж, а вашите мажи ги сакаат своите жени, ќе имате прекрасен брачен живот. Библијата вели така.

Колку од вас жените можат искрено да кажат дека ги почитуваат своите сопрузи? Колкумина од вас сопрузи можат да кажат дека се обидуваат да ги сакаат своите жени?

На жената ѝ треба љубов, на мажот му треба почит.

Ова значи дека треба да разговарате со нив со почит. Можеби греши, кажете му дека греши, но со почит. Ова е многу, многу важно. Така се градат односите.