Познатиот физичар Brian Cox, објасни како би можел да изгледа крајот на светот.
Постојат различни начини на кои нашата планета и животот на неа би можеле да бидат уништени. Од човечко дејство и закана од нуклеарни војни (што, за жал, повторно е актуелно) до некаков удар на астероид и слично. Познатиот физичар Brian Cox претходно неколку пати зборувал за тоа како би можел да изгледа крајот на светот.
Според него, ако пред тоа не се случи друга катастрофа, причината за крајот на светот ќе биде – Сонцето. Во моментов е на половина пат од својот животен век, кој треба да трае уште пет милијарди години.
Кога ѕвезда како Сонцето ќе снема водород, таа почнува да умира, но се разбира нема само наеднаш да се исклучи и да исчезне, туку како што ќе остане без гориво, нејзиното јадро ќе почне да се урива, создавајќи дополнителна топлина поради која надворешниот слој ќе почне да се шири.
Сè што се случува на Сонцето, се разбира, ќе влијае и на Земјата, а со текот на времето Сонцето ќе стане толку големо што, според Cox, би требало да го исполни целиот хоризонт. Добрата вест е дека такво катастрофално сценарио нема да се случи наскоро: за околу милијарда години тоа ќе има катастрофално влијание врз нашиот ранлив свет.
Поради промените на Сонцето, и Земјата ќе стане потопла и ќе почне силно да се загрева, а Cox вели дека „не чека последниот совршен ден на Земјата“, но на крајот животот на Земјата веќе нема да биде возможен, па таму повеќе нема да има луѓе, но не и животни кои би можеле да бидат сведоци на ваква апокалиптична сцена на Сонцето кое го исполнува целиот хоризонт. Нарушувањето на активноста на Сонцето на тој начин ќе предизвика крај на светот и на сé на нашата планета.
Во друго видео направено неколку години подоцна, Cox објаснува дека проширувањето на Сонцето може да предизвика нашата планета да се оддалечи, иако најверојатно сè уште ќе орбитира околу жешката ѕвезда. Она што веројатно ќе се случи е дека Земјата на крајот ќе изгори и нејзината површина би можела да се претвори во пепел.
По шест милијарди години, Сонцето би можело да експлодира, исфрлајќи големи количини гас и прашина во вселената и создавајќи огромна маглина. Во центарот на она што порано било Сонцето, ќе остане само слаб жар, помал по големина од Земјата.
Теоријата на Cox е секако интересна, но тој зборува за период од пет до шест милијарди години, што е незамислив период и не треба да нè чуди што животот на Земјата дотогаш нема да постои. Поради бројните закани и потенцијални опасности, некои научници, но и луѓе како Elon Musk, велат дека веќе треба да размислуваме за барање алтернативна планета на која човештвото би можело да продолжи да живее.
Извор: Express.co.uk