Мистериозниот звук од дното на океанот | Видео

117

За прв пат во историјата научниците успеале да стават микрофон на најдлабокото место во океанот, Маријанскиот Ров, кој се наоѓа на 11.034 метри под површината на морето.

За да го издржи притисокот од дури 1.086 бари, микрофонот бил обложен со титаниум и на дното од морето снимал звуци подолго од три недели.

Станува збор за постојана бучава, некои од природни извори, некои како резултат од човечки активности. Најгласно се слушаат земјотресите, бидејќи Маријанскиот Ров е во нестабилниот „Огнен прстен на Пацификот“, а бучен бил и тајфунот од четврта категорија кој поминал над ровот.

Освен тоа, ја слушнавме и песната на китовите“, вели Дзиак.Целта на истражувањето била да се утврди прецизното ниво на бучава, за научниците во иднина со нови мерења да можат да утврдат дали тоа се зголемува или не.

Идната година тиа планираат со микрофонот да спуштат и камера прилагодена за длабочината на океанот.