Најефикасната храна за бели заби

194

Белината на забите е тешко остварлива. Обично ги валкаме забите секојдневно со обоени хранливи материи. Но има и храна, која помага во избелувањето на забите.

Која е таа?

Темно чоколадо

Можеби мислите дека чоколадото ги премачкува забите и ги расипува? Тоа не важи за црното природно чоколадо. Во него има една супстанција наречена теобромин што образува посебни мерки или поточно изолиран слој на емајлот на забите, кој штити од боење.

Јагоди

Јагодите се не само преполни со витамини и влакна, тие се идеално средство за белење на забите. Во нив се содржат киселини, кои дејствуваат како “белило” за забната површина.

Сода бикарбона

Содата бикарбона одамна е позната по избелувачките квалитети. Растворете една лажичка сода во една лажичка вода. Направете паста и втријте во забите. Не тријте многу грубо, за да не се оштети емајлот.

Босилекa

Џвакајте листови од босилек. Тој е моќен антибиотик кој ја спречува појавата на бактерии, а заедно со нив и обоените дамки на забите.

Ананас

Ананасот е исто така богат со киселини и ензими кои дејствуваат како средства за белење за натрупаните дамки на забната глеѓ. Супстанцата бромелаин помага за разградувањето на каменот и најлесното отстранување со четката за заби.

Јаболка

Јадењето јаболка е еден од најдобрите начини за отстранување на дамките на забите. Освен тоа јаболката добро го чистат и забниот камен. Кората на јаболката има многу силен ексфолирачки ефект, затоа не ја лупете..

Портокали

Во портокалите се наоѓа супстанцијата D-Limonene, поточно во кората на портокалите. Тоа помага за отстранување на дамки од пушење.

Кора од банана

Никогаш не фрлајте лушпи од банана. Тие секогаш можат да ви помогнат да ја избелите насмевката со најмалку еден нијанса. Само фатете ја кората на бананите од внатрешната страна и ставете ја на забите. Правете го тоа 2-3 пати неделно и ќе се радувате на бели заби секогаш.