Еве што ве открива кога сте вљубени

664

Еве што ве открива кога ќе се вљубите

Љубовта нè прави да сме “луди“

Состојбата на вљубеност го намалува нивото на серотонинот во мозокот што може да доведе до „опсесија“ кон одредена личност.

Идтовремено го зголемува производството на хормонот на стресот (кортизол), што може да предизвика повисок крвен притисок и несоница.

Скршеното срце секогаш боли

Едно ново истражување покажува дека психолошката болка после раскинувањето е исто толку реална колку и физичката повреда. Постојат две области во мозокот кои реагираат на физичка болка. Тие се активираат кога едно лице се справува со социјална или романтична болка.

Истражувачите веруваат дека болката предизвикана од одбивање може да биде поврзана со еволуцијата. Потточно, луѓето бараат социјална интеракција, бидејќи истата е од суштинско значење за опстанокот на повеќето цицачи.

Бакнеж на вистински начин

Дали знаете дека постои „вистински“ начин на бакнување? Луѓето најчесто ја навалуваат главата на десно кога се бакнуваат, а ретко на лево.

Вцрвување

Најдобар пример да се објасни вцрвувањето е примерот со мајмуните, бидејќи кај нив румените образи се од суштинско значење во играта на љубовта, вели едно ново истражување. Приматите преферираат другари со црвени лица. Розевиот сјај, исто така може да делува како сличен знак кај луѓето, велат британските истражувачи, бидејќи испраќа порака на добро здравје.