Проблемот со долгите врски најчесто настанува во моментот кога страста почнува да избледува.
Па, како што постојат луѓе кои остануваат и се борат за таа повторно „да живне“, така има луѓе кои се откажуваат и си заминуваат.
Во која група спаѓате вие – во првите, кои се идеални за долги врски или од оние вторите, со кои е невозможно да се посигне долгорочна љубов?
Овен
Склони се кон нагло одлучување со кој и кога сакаат да се врзат, односно импулсивно се впуштаат во емотивни односи. Проблемите настануваат кога страста ќе почне да се гаси. Ако не успеат да ја вратат, многу лесно можат да ја прекинат врската. На Овните им е важно да чувствуваат силни импулси, желба и динамика во односот, затоа што единствено така може да трае.
Бик
Биковите обожаваат долги и сериозни врски од проста причина – ја сакаат стабилноста и секогаш сакаат да знаат на што се. На нив им е важно партнерот да им биде верен и врската да биде сериозна, па дури и по цена да е здодевна понекогаш. Дури и ако се изгубат страстите тешко ја прекинуваат врската затоа што не сакаат промени.
Близнаци
Близнаците по природа се променливи, сакаат да фантазираат, па многу лесно ги менуваат емоциите и мислењата. Тие често сакаат да предизвикаат љубомора кај партнерот флертувајќи со други, но само за да си поиграат. Важно им е да им биде постојано забавно, но и да имаат добра комуникација со партнерот. Ако нешто од тоа недостасува, лесно го менуваат стариот партнер за нов.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2