Дали јадете премногу овошје ? Иако овошјето е најдобриот извор на природен шеќер, внимавајте на порциите

1172

Веројатно сте забележале дека диетите кои забрануваат внес на шеќер стануваат се попопуларни…

Сепак, се почесто се застапува и идеја дека целиот шеќер треба да се исфрли од исхраната, вклучително и од овошјето,. Но, дали исфрлањето пијалаци и овошни салати е навистина неопходно за да живеете здрав живот?

Меѓутоа, се чини дека ова се сепак претерани тврдења кои произлегуваат од сомневањата за предностите и недостатоците на природните и додадени шеќери. Можеме да најдеме природни шеќери во овошјето, млечните производи и некои видови зеленчук, а нашето тело ги користи како „гориво“. Без природни шеќери од овошје, ќе има сериозен недостаток на енергија за организмот.

Исто така, хранливите материи од овошјето можат да спречат големи промени во нивото на шеќер во крвта кои се јавуваат кога јадеме слатки.

Од друга страна, додадените шеќери што ги наоѓаме во газираните пијалоци, сокови и преработена храна даваат лоша репутација на шеќерите. За разлика од природните, додадените шеќери се штетни за вас, но сепак внимавајте!

Премногу шеќер, во која било форма, доведува до зголемување на шеќерот во крвта што го стимулира ослободувањето на инсулин. Бидејќи инсулинот е хормон задолжен за складирање, во вашиот организам ќе се создадат резерви на шеќер и маснотии. Исто така, прекумерното консумирање на шеќер е поврзано со зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања и дијабетес.

Значи, можно е да се претера дури и кога станува збор за овошје, но тоа не значи дека треба целосно да го отстраните од вашата исхрана. Едноставно гледајте ги вашите порции и како цел можете да си поставите две или три порции овошје дневно