10 најстрашни работи и појави што луѓето ги забележале по нуклеарната катастрофа во Чернобил

1335

Најлошата нуклеарна катастрофа во историјата се случила на 26 април 1986 година.

Комбинацијата на несигурниот дизајн на советскиот нуклеарен реактор и човечката грешка резултирала со експлозија што уништи еден од четирите реактори во нуклеарната централа Чернобил.

Како резултат на експлозијата, реакторот испуштил голема количина радиоактивна прашина, која до денес не е исчезната целосно. Областа околу електраната денеска е празна како и блискиот град Припјат, каде што живееле вработените и нивните семејства.

Туристите и љубопитните луѓе го посетуваат дел на Украина, а Listverse објави список со најстрашните работи што ги забележале таму.

1. “Духови” во нуклеарката

Нуклеарниот физичар од Универзитетот во Бафало, Andrei Kharsukhov, додека во 1997 година, бил во една електрана наводно слушнал како некој вика за помош. Тој тврди дека некој врескал барајќи помош за гасење на пожарот, па истрчал горе и им кажал на луѓето што ја чуваат областа што слушнал. Му кажале дека тој е првиот што влегол таму во три години. Воедно го потсетиле дека е потребна лозинка за влегување, а доколку некој влезе без нивно знаење, веднаш би се активирал алармот.

2. “Сенки” на ѕидовите

По катастрофата во 1986 година, во Припјат почнале да доаѓаат бројни графитери кои „уметнички се изразувале“ по ѕидовите на напуштениот град. Многу од нив цртале силуети што ги претставувале поранешните жители на Припјат.

3. Напуштен забавен парк

Забавниот парк Припјат сѐ уште не беше завршен на 26 април 1986 година, така што никогаш официјално не ни бил отворен. Свеченото отворање било планирано неколку дена подоцна. 1 мај. Паркот сега стои како напуштена икона на катастрофата во Чернобил и моќен потсетник за сѐ она што требало да биде.

4. “Крвави” лисја

Контаминацијата довела до значително помала активност на природните разградители (инсекти, габи, микроби …) па дошло до промени во флората. Еден од феномените е познат и како „крвава црвена шума“. Лисјата на дрвјата добиваат крваво-црвена боја, а потоа дрвото практично умира, но потоа не исчезнува или не се распаѓа долго време.

5. Скинати кукли

Сите 49.000 жители на Припјат биле евакуирани по експлозијата. Повеќето од нив мислеле дека наскоро ќе се вратат дома, па децата ги оставиле играчките бидејќи не им било дозволено да ги носат со себе. Денешните посетители на Припјат се особено исплашени од куклите, чии делови се расфрлани низ градот.

6. “Сталкери” од Чернобил

Бизарна субкултура, а тоа се всушност луѓе кои илегално влегуваат во зоната околу Чернобил и „ѕиркаат“ од чиста љубопитност.

7. Болница на судниот ден

Градската болница Припјат имала 410 кревети. Заедно со стоматолошка клиника, породилно одделение, клиника за инфективни болести и мртовечница, градот бил подготвен за секоја итна ситуација што може да се замисли, освен она што ги снајде, бидејќи катастрофата од 1986 година никој не можел да ја предвиди. Болницата лекувала 237 нуклеарни работници ноќта по експлозијата. Повеќето од нив не излегле живи од неа.

8. Габа која ја “јаде” радијацијата

Габата Cladosporium sphaerospermum успева околу високо озраченото место на катастрофата во Чернобил. Таа користи меланин за претворање на радиоактивни гама зраци во хемиска енергија. Оваа способност може да се покаже корисна во идните вселенски истражувања. Во НАСА се надеваат дека печурката може да се искористи за создавање заштитна опрема за астронаутите, но и како помош при чистење на радиоактивен отпад.

9. Животни со мутации

Десетина години по катастрофата, некои животни околу Чернобил се родени со големи дефекти како повеќе глави, муцки, нозе. Пронајдени се мачки со две лица, јагне со осум нозе, теле со две лица и теле со нозе што растат од грбот.

10. Туристи во Припјат

Украинска авиокомпанија започнала да нуди воздушни тури кои овозможуваат поглед на напуштената нуклеарна централа и градот Припјат за сто долари. Се лета на надморска височина од 900 метри, а во цената е вклучено и селфи со пилотот, за оние кои сакаат. Се разбира, градот може да се шета и пеш. Во 2019 година, 104.000 туристи го посетиле Чернобил, додека во 2020 година, 32.000 го направиле тоа. Падот на посетите се случил пред сѐ поради пандемијата Ковид-19. Туризмот во зоната на зрачење дополнително е популаризиран со серијата „Чернобил“ на ХБО од 2019 година. Многумина илегално ја посетуваат областа и покрај многуте опасности и високи казни што можат да ги платат за да влезат без дозвола.