„Исповеди“ на оние кои стапиле во брак без љубов

283

Неколку кратки приказни на луѓе кои стапиле во брак без да чувствуваат љубов

1. „Никогаш не го сакав мојот сопруг. Се венчав со него само затоа што ми е страв да не умрам сама.“

2. „Се плашам дека се омажив со мојот сопруг само поради неговата кариера.“

3. „Се омажив со мојот сопруг само затоа што не сакав да го повредам. Најмногу се каам затоа што никогаш нема да почувствувам вистинска љубов.“

4. „Стапив во брак од погрешни причини. Сакав бебе и никој друг не беше заинтересиран. Но, ги сфатив моите ветувања сериозно и со тек на време најдов љубов со мојот сопруг.“

5. „Се оженив со мојата сегашна сопруга само затоа што мислев дека тоа ќе ми помогне да добијам старателство над мојот син.“

6. „Пред 2 месеци се омажив поради пријателство и партнерство. Како што времето поминува, така се молам дека набрзо ќе доживеам страсно бакнување, див секс и пеперутки во стомакот. Дури и ако тоа не е со мојот сопруг.“

7. „Почнувам да сфаќам дека стапив во брак само затоа што верував дека не можам да направам ништо од себе.“

8. „Се омажив само за да му помогнам да добие зелена карта. Помеѓу нас никогаш немаше љубов и сега претерано многу се каам.“

9. „Се омажив со мојот сопруг само поради 10.000-те долари кои неговото семејство ми ги даде за тој да стане државјанин на Америка.“

10. „Се омажив со мојот сопруг само затоа што сакав моите деца да имаат подобар модел на однесување од нивните татковци.“

Продолжува на страна 2