Еве што ќе се случи со вашето тело, ако претерувате со “Кока Кола”!

72

Џорџ Праjр пиел по 10 лимнеки од популарниот газиран пијалок дневно.

За последиците од премногу честото пиење газирани пијалаци како “Кока Кола” и “Пепси” се зборува со години, но Американецот Џорџ Прајр одлучил да покаже со телото што навистина може да ви се случи ако претерувате со овие пијалоци.

Тој пиел по 10 лименки од “Кока Кола” во различни видови и ја мери неколку пати тежината – пред експериментот, за време на експериментот и на крајот.

Претерувањето со Кока-Кола траело еден месец. Џорџ вели дека се одлучил на ова искуство, бидејќи иако истражувањата кои докажаа дека конзумирањето на газирани е штетна за тежината, многу луѓе продолжуваат да ги злоупотребуваат овие пијалоци.

Секој ден Џорџ пиел по 10 лименки од популарниот газиран пијалок, за која одамна е познато дека е преплавен од шеќер и засладувачи, и како резултат на тоа качил речиси 30 килограми за само еден месец.

Во почетокот на своето искуство Џорџ тежел 168 килограми. За време на експериментот од176 и 187 килограми, а на крајот неговата тежина е стигнала на 190 килограми.

Ова се должи на големото количество шеќер во газиранииот пијалок што ја прави потрошувачката опасна. Во шише од 2 литри “Кока Кола” се содржат 16 грутки шеќер. Не само во оваа од пијалоците се содржи количина шеќер, за што малку луѓе се сомневаат.

Во чаша сок од портокал има 4 грутки шеќер, а во какао пијалоци – околу 8.

Експертите советуваат да се проверува количината на шеќер и засладувачи во пијалоците и храната, не само од суета, туку и за да си го заштитиме здравјето. Високите нивоа на шеќер во организмот му пречат на црниот дроб да произведува инсулин, што е главната причина за појава на дијабетес.