Maска со куркума за секаква потреба

1279

Куркумата е прекрасен зачин, кој не само што дава егзотичен вкус на јадењата, но и ја прави кожата сјајна, здрава и еластична.

Куркумата е суштински дел од секоја козметичка процедура. Кога се нанесува на кожата како паста или маска за лице, таа помага во лекувањето на акни, егзема, розацеа, пигментација. Освен тоа ја подмладува кожата.

Оваа прекрасна билка има уште антиинфламаторни и антиоксидантни својства. Таа ги лекува не само различните кожни дефекти и лузни од акни, но дава и помлад и свеж изглед на кожата.

Редовната употреба на маски со куркума ја подмладува кожата, ги пегла брчките и фините линии.

Основна маска со куркума

За да си направите основна маска со куркума, измешајте малку мед, јогурт или млеко со неколку лажици куркума. Промешајте во сад и нанесете ја смесата на кожата.

Оставете да делува околу 20 минути и измијте со млака вода.

Маска со куркума за убава и нежна кожа

Измешајте 2 лажички екстракт или прав од сандалово дрво со 2 лажици куркума, ½ чаша наут, 1 лажица бадемово масло. Ако смесата е многу густа, додадете малку вода и промешајте.

Нанесете на сува кожа, оставете ја маската да се исуши, а потоа измијте со вода.

Продолжува на страна 2