Раде Шербеџија | “Оној кој не знае колку добро живеел под Тито, јас не можам да му помогнам”

577

Тито го доживував како владател, не бев слепо вљубен во него, но го сакав. Ја сакав земјата чиј претседател беше, па го сакав и него. Ми беше симпатичен, интересен човек.

За неговите грешки секогаш сум размилсувал дека се човечки. Аман, тој направил толку многу добри работи, па би можеле да му толерираат по некоја грешка! Не постои совршен владател, совршено општество во кое сите сме задоволни и среќни… Сето тоа е комплицирано…

Иако ја сакав Југославија и Тито, но никогаш не сум бил државен актер.

“Во природата на секој уметник во некоја рака е да биде дисидент, па и дефетист во однос на нацијата, државата и авторитетите” – зборуваше нашиот голем Крлежа.

И тоа е вистината. Уметникот мора да биде провокатор, тој мора да поставува прашања. Голем број од моите пријатели беа миленици на власта, членови на партијата. Иако никогаш не сум бил член на Сојузот на комунистите, длабоко во себе бев социјалист, левичар…

Тамара Никчевиќ: И денес сте левичар?

Раде Шербеџија: Сум. Како поинаку да го гледам светот?! Кој еднаш живеел во Југославија, што беше праведна земја, тој, ако е чесен, има друг критериум.

Тамара Никчевиќ: На што мислите?

Раде Шербеџија: На хармоничен живот во мулти-национална заедница, на еднаквост, на братство, на таа предност во разликите. Дали една од земјите од поранешна Југославија денес е среќна, поуспешна како независна? Имавме среќа да живееме во согласност со разликите кои носеа квалитет на секое поле.