Почина Марко Божиновски ракометар на Бутел Скопје

1556

Утринава пристигнаа трагични вести од Скопје. Почина младиот ракометар на Бутел и поранешен кадетски репрезентативец Марко Божиновски.

Божиновски потекнува од школата на Металург, а беше дел од младинските репрезентации на Македонија.

Вчера бешe дел од натпреварот меѓу Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер 2. Причините за смррта се уште не се познати.

Mинатата недела трагично почина и голманот на Охрид Никола Даниловски.