Работи кои ќе ве направат незапирливи во животот

1467

Според англискиот филозоф Ален де Ботон, секој што не се срами од она што бил минатата година најверојатно не учи ништо ново или доволно. 

Колку е различен твојот живот од оној пред 12 месеци? Ако е многу сличен, тогаш значи дека не сте научиле многу. Да учиш значи да се менуваш и развиваш, а за да го правиш тоа потребно е да си создаваш врвни искуства. Кога последен пат сте имале врвно искуство? Кога последен пат сте ги истегнале мускулите на храброста?

За да може човекот да бележи константен психички развој потребно е многу да работи на себе. Сепак има голем број на луѓе кои на некој начин се имаат “запоставено” во однос на грижата за себе си, но никогаш не е доцна за промени.

Ако сте спремни да ја сјаете во 2019 година потребно да почнете со воведување на позитивни навики.

Првенствено имајте на ум дека животот е убав без разлика што од него се дел и лошите искуства, како и фактот дека  ние сме креаторите на иднината и ние сме тие кои што ќе одлучиме што ќе памтиме од минатото.

Будете се порано

Поставете си цел да се будите седум дена по ред порано за да можете да создадете нова навика, притоа имајте на ум дека денот ќе ви биде подолг и на тој начин ќе можете да ги остварите сите обврски, а да не бидете во трка со времето. Ако немате обврски тогаш искоритете го плус времето за спортување.

Пијте повеќе вода

Штом ќе се разбудите, напијте се чаша вода, тоа ќе и помогне побргу да се расоните. Навиката на внесување на вода одржувајте ја и во текот на целиот ден. Пиењето на доволно вода ја одржува нашата витка линија, ја прави кожата здрава и убава и ја подобрува работата на мозокот.

Продолжува на страна 2