Фокусирајте се на вештините што ги поседувате, наместо на пасијата што ја имате
Наместо да ја барате вашата страст или да барате совршен “процес”, одлучете што сакате да направите, или верувате дека треба да направите, а потоа одете кон целта. Знајте ги вашите вештини и корестете ги за да ја постигнете целта.
Фокусирајте се на односи повеќе отколку на пари
Животот е за “кој” знаете, повеќе од “што” знаете. Со други зборови, вие би можеле да ги имате сите вештини и способности во светот, но ако не можете да работите добро со луѓе, вашите шанси за успех се далеку намалени. Меѓутоа, ако имате вештини и научите како да ги користите тие вештини за да им помогнете на вистинските луѓе, вашиот успех ќе се зголеми.
Фокусирајте се на фамилијата а не на минливите пријателства
Едноставно кажано, потребни ви се длабоки и здрави врски со семејството и блиските пријатели за да бидете успешни во животот. Ако немате семејство, тогаш изградете едно.
Фокусирајте се на креативност наместо на потрошувачка
Креативноста е трансформација, бидејќи таа вклучува имагинација и правење на работи кои не сме сигурн дека ќе успеат. Тоа подразбира откривање на една нова страна од себеси кон другите во обид за создавање на врски.
Продолжува на страна 8


















