Радосно исчекување на подароците

72

Дури и доколку сте во добра финансиска состојба, изборот на новогодишниот подарок за децата не е лесен. Како да се пронајде вистинската мерка, што е навистина потребно и дали треба секогаш да им ги исполнувате желбите?

На малото дете можете да му кажете дека Дедо Мраз погрешно го прочитал списокот, му порачал дека е премало за таа играчка или дека џуџињата нема да стигнат да ја изработат на време, така што добро би било да посака нешто друго.

Тоа не го претставувајте како проблем, усогласете ги желбите со можностите и внимавајте да не ги разочарате најмладите членови на семејството.Здружете се со бабите и дедовците за да им исполните на децата и некои специјални желби, но немојте да претерувате во трошењето пари и подароци.

Психолозите тврдат дека родителите не се свесни дека најлошо е кога на детето ќе му се одземе радоста на исчекувањето, со тоа што им ја исполнуваат секоја желба што ќе им падне на памет.

Децата, кои не знаат што сакаат од Дедо Мраз подоцна како тинејџери можат да бидат проблематични и конфузни.