Музиката може да биде терапија

444

Ако страдате од несоница, депресија, анксиозност, имате напади на паника, пореметување на вниманието и слично, ќе ви биде од корист да го прочитате овој текст.

Внимавајте што слушате, правилен избор на музика може да излечи но и да биде причина за напнатост.

Како да знаеме? Ја читавме Музикофилија, одлична книга на неврологот Оливер Сакс.

Терапијата со музика или brain music therapy не е ништо ново, само е малку позапоставен облик на терапија која во фокус ја става музиката и само музиката, т.е. нејзино слушање за чија благодарност мозокот моделира своја активност и по одредено време станува опуштен. Како иновативна форма на терапика, музиката почнала да се применува во почетокот на 19 век, и ако размислиме подобро, таа всушност е антички метод.

Од почетокот на човештвото разни исцелители користеле тапани, ѕвона и слично, за да ги истераат болестите од телото, депресијата, очајот и други непожелни состојби на умот и духот. Пред околу две години американската Cochrane Library следела ученици на терапија со музика или слушање на музика кај околу 2.000 пациенти заболени од рак; во споредба со пациенти кои добиле вообичаена терапија, комбинираните податоци од повеќе студии покажале дека кај пациентите кои имале терапија со музика е забележано намалена болка и подобрено расположение. Дополнително и отчукувањето на срцето кај тие пациенти во просек било пониско од останатите.

Каква музика да се одбере? Ако сте во дилема која музика да ја одберете, лекарите и на тоа поле направиле некои студии, додуша тие се уште се во почетна фаза, но резултатите кои ги дале се многу интересни.

Класичната музика е еквивалент на престој во сауна

Слушањето на класична музика го смирува срцето, помага при олеснување на депресивна состојба и меланхолија, го храни имунитетот и ја подобрува целата работа на организмот. Класичната музика преовладува во лечењето, но некои нови истражувања покажуваат дека предвид доаѓаат и други музички жанрови, важно е да е музиката според вашиот вкус.

Музиката на Лудвиг ван Бетовен помага при смирување на стрес, меланхолија, апатика и слични состојби. Музиката на Бетовен го регулира чукањето на срцето, влијае на белодробните крила и бронхиите и го подобрува имунитетот. Вториот дел од познатата петта симфонија докторите го нарекуваат музика за здравје, па советуваат слушање на истата на лица кои страдаат од зголемен крвен притисок, смета авторот на Музикофилија Оливер Сакс. Првата симфонија на Моцарт се смета и ремек дело кога е во прашање здравјето бидејќи го опушта стресот, ја стимулира активноста на мозокот и ги зголемува интелектуалните способности. Музиката на италијанскиот композитор Вивалди, како и Хендл најчесто се применува при лечење на агресија.

Класичарите и металците сепак се слични

Но, ако класичната музика има такви ефекти на здравствената состојба кај поединци, тогаш ни хеви металот не е далеку, па исто може да се вклучи во терапијата. Зошто? Имено, една британска студија откри дека љубителите на класичната музика исто како и љубителите на хеви метал музиката имаат исти црти на карактерите – креативност, недружељубивост и срамежливост. Истражувањето било спроведено на универзитетот во Единбург на 36.000 лица од целиот свет, па со оглед на тој број на учесници, резултатите не се за занемарување.

Разликата меѓу класичарите и металците според тоа истражување всушност е само во нивните години. За разлика од нив, резултатите покажуваат дека слушателите на инди музиката имаат мало самопочитување и мотивација, љубителите на рап музиката многу размислуваат за себе и сакаат да се дружат, додека на кантри музиката се многу вредни лица. Денсерите се еготрипери, џезерите и блузерите се опуштени и креативни, додека според наведеното истражување, рокерите биле љубезни и дарежливи! Значи, во која група сте вие?

Кокошката или јајцето – музиката или говорот?

Музиката е секаде околу нас, се што гледаме, слушаме, се што не опкружува може да биде музика, може да има своја мелодија. Прашање е само дали ние во одреден момент тоа го слушаме. Така некако смета познатиот британски невролог Оливер Сакс. Ја читам неговата девета книга Музикофилија, раскази за музиката и мозокот, излезена пред две години и откривам еден нов свет за музиката. Ја препорачувам навистина на секој кој е музикофил (или поедноставено, љубител на музиката), но и на тие кои не се љубители.

Со плиток и едноставен јазик во неа лесно ќе најдете интересни раскази за лица кои доживеле разни непријатни искуства (физички и психички) и кои врз основ на тоа откриле, најчесто случајно, музика, но музика до таа мера што станале опседнати од неа и поради неа некои дури и ги промениле своите животни навики, семејството, пријателите, или се повлекле во својот свет на музика кој ги направиле поспокојни и на крај и ги излечила.

Оливер Сакс и сам по себе е многу интересен лик, тој е голем љубител на музиката, пијанист аматер, кој исто така искусил куси епизоди на абнормалност. Иако и ден денес често се расправа за потеклото на музиката, Сакс во Музикофилија ја поддржува тезата дека музиката е самостојна, независна од говорот, значи спротивно на тезата на Дарвин дека говорот настанал од музиката. Освен што музиката може да не поведе во некои неистражени светови, да разбуди емоции и спомени во нас, да не увери во некои дејствија околу кои се двоумиме, Сакс говори дека всушност воопшто не сме свесни колку таа може да биде силна.

Тој смета дека музиката зазема многу поголем простор во нашиот мозок од јазикот, дека тоа се целосно две одвоени работи и дека ние луѓето, пред се, сме музички суштества. Дури и се согласува со тезата на Ниче дека слушањето на музика не е само емоционално и аудитивно, туку и моторичко, бидејќи музиката ја слушаме со сите свои мускули.

Веќе првата приказна во Музикофилија ќе ве натера на размислување. Останува недокажана но со среќен крај за Тони, Цикорио, пациент на Сакс кој во 42 година од животот го удрил гром во телефонска говорница. Притоа доживеал вонтелесно искуство во кој се гледал себеси, своето тело и целиот свој живот во само еден дел од времето, а потоа по некое време во главата почнало да му се појавува музика, па ја открил сопствената музикофилија, и на крај од доктор станал многу слушан пијанист!

Чувајте се од ушен црв!

Но, сите приказни за музикофилијата на пациентите на Сакс не се толку убави. Музиката може да биде и опасна. Може толку да не обземе да не сме способни нормално да ги вршиме и основните телесни функции. Може да не полуди. Сакс на таа состојба дал име мозочен црв, или поедноставно музичка халуцинација. Тоа може да биде збор, шум кој трае и кој може да се појавува со недели, на пример тоа може да биде некоја песна која на почетокот ќе ви се допадне, но може нејзиното темпо може да ве обземе и со денови постојано да ви се врти во глава и потоа поради тоа постојано повторување песната ја губи својата смисла, ритамот, шармот, музикалноста и значењето.

Ви пречи додека спиете, додека размислувате и слично. И што и да се обидете да ја запрете, не знам, да се миете со ладна вода, да броите без врска, да го насочувате вниманието на нешто друго, таа не престанува. Да тоа е тој ушен или мозочен црв. Познато ви е или не? За среќа, Сакс вели дека тие имаат одреден век на траење, часови или денови, а потоа умираат. Понекогаш чекаат и во заседа! Некоја алузија, асоцијација или што и да е, може повторно да ги активира, понекогаш и по многу години. Поради тоа, чувајте се од нив!

Со музиката, како и со се друго, бидете умерени, уживајте во неа додека ви е пријатно!

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk