Исклучете го мобилниот, овозможете им на девојките да уживаат во с*ксот | Видео

1903

За таа цел, Premier и TMW Unlimited се здружија и ја лансираа кампањата #DoNotDisturb (не вознемирувај) за брендот „Дурекс“.

#DoNotDisturb е социјален експеримент, кој истражува како исклучувањето на смартфоните може да им помогне на двојките повторно да се поврзаат и да уживаат во летниот секс.

Експериментот однесе шест двојки на одмор и ги принуди половина од двојките да се откажат од своите смартфони и лаптопи во моментот кога пристигнаа во хотелот. Истовремено, Premier и TMW Unlimited започнаа да го документираат експериментот со видеа.

Секако, многу очигледниот заклучок кој го изведе студијата беше дека двојките кои беа слободни од технолошките апарати се поврзале повеќе за време на нивниот одмор, повеќе ги ценеле содржините од одморот и најверојатно имале повеќе и подобар секс.

Кампањата и експериментот беа инспирирани од анкета спроведена од „Дурекс“, каде резултатите покажаа дека 52 отсто од луѓето очекувале да имаат подобар секс за време на летните одмори, додека пак 60 отсто изјавиле дека нивниот одмор не ги исполнил овие нивни очекувања.

40 отсто изјавиле дека имала помала шанса да иницираат секс доколку нивниот партнер е со телефонот во кревет, а 57 отсто изјавиле дека ќе бидат повеќе „загреани“ за секс доколку нивниот партнер го исклучи телефонот.

Загрижувачко е што 41 отсто од испитаниците признале дека, дури и за време на одморот, често се наоѓале во ситуација кога двајцата партнери се во кревет и се концентрираат на своите мобилни апарати.

Со други зборови, „експериментот“ беше повеќе како илустрација на овие резултати, меѓутоа од друга страна, пак, го отсликува загрижувачкиот тренд кај двојките, особено кај помладите двојки, кои поминуваат повеќе време на мобилниот телефон, отколку со партнерот.