Дали навистина ти треба нов смартфон?

888

Примери има многу, но кај смартфоните тоа е очигледно: многу луѓе мислат дека баш секоја година им треба нов модел. Тоа можеби носи економски раст- но еколошки е вистинска катастрофа, пишува www.dw.com.

Еден германски понудувач на мобилна телефонија привлекува клиенти дури и со натписот: „Никогаш немојте да пропуштите иновација- земете секоја година најнов модел на мобилен телефон или таблет.“

За хемичарот Клаус Кумерт таквиот оглас е речиси навредлив: „Тие компании ја ставаат нашата идина на распродажба!“ Професор Кумерт е специјалист за одржлива и еколошка хемија на Универзитетот Лунебург. Не може да се изначуди до која мерка граѓаните го потценуваат влијанието кое врз околината го предизвикува производството на тие мобилни телефони и производите од висока технологија.

„Во сите тие смартфони, на пример, има и редок неодиумски метал“, објаснува професорот. Тој метал е широко распростанет, но е исклучително тешко да се одвои. Сепак, без него е невозможно да се замисли нов мобилен телефон бидејќи е потребен за производство на силни магнети- а тие се во звучниците и микрофонот.

Тоа е само еден пример: само во смартфонот има стотици такви елементи и хемиски споеви за кои е потребна голема енергија за да се произведат- и потоа завршуваат во отпад затоа што излегол понов модел од тој што го имате.

Некои од тие елементи дури можат и да се видат- на пример, златото кое ги сочинува контактите на СИМ-картичката. Но и бакарот за жиците станува сѐ поредок, литиумот за батериите, танталот за кондензатори, индиумот за екранот. Во смартфоните често се користат многу мали количества од тие ретки метали, но без нив нема ни нов производ.

Суровини едностано нема бесконечно многу

А тоа значи дека постојано мора да се бараат и да се експлоатираат рудниците ширум светот. Едвам кој од нив се појавува во природата во чист облик, што значи оти мора со многу енергија и труд да се одвојат за да ги задоволат потребите на производителите. Некои од тие состојки и порано беа ретки, но сега резервите веќе се приближуваат до крајот, тврди хемичарот Џејмс Кларк од Универзитетот Јорк во Велика Британија. Сребро, магнезиум, цинк, злато, платина… Постојат проценки дека веќе за половина век резервите ќе бидат исцрпени- односно, оти ќе биде уште потешко, поскапо и повалкано да се дојде до она што уште се наоѓа во земјината кора.

Заштитниците на животната средина упорно повторуваат дека луѓето треба да се научат да се враќаат на своите стари мобилни телефони и компјутери, барем за да послужат како суровина за нови. И британскиот хемичар Кларл смета дека такво рецикликлирање би било „значителен допринес во спасување на светот“.

Навистина: германското здружение Битком проценува дека во минатата година на германските рафтови лежеле нешто повеќе од 100 милиони стари мобилни. И покрај скапоцените состојки, по долго време во фиока неретко завршуваат во „обичен“ отпад. Овие заштитници на околината предупредуваат дека таквиот електронски отпад би можел да биде главен фактор за економската иднина.

„Рециклирањето е добро, но тоа нема да не’ спаси“

Професорот Кумерер не е многу уверен дека нашите стари смартфони и компјутери ќе не спасат. „Рециклирањето е добро важно, но хистеријата околу него е чиста бесмислица“, смета Кумерер. Тие ретки метали во електрониката по правило се поврзани со други состојки, а потоа се’ заедно е измешано со многу пластика. Затоа констатира: „Никогаш нема да успеете да ги одвоите сите тие состојки да бидат повторно чисти.“

Згора на тоа, и производителите знаат дека овие ретки материјали стануваат сѐ поретки- односно, сѐпоскапи па со сите сили се трудат да ги вградат што помалку. Со други зборови, се троши се’ повеќе енергија за да се создаде тој готов производ- и ќе биде се’ потешко да се одвојат тие суровини за да послужат повторно.

За германскиот професор по хемија има само едно решение и притоа го цитира Алберт Ајнштајн, кој рекол дека „интелектуалците ги решаваат проблемите, генијалците ги избегнуваат“. А единствен начин проблемот да се избегне е да не се тежнее кон нов смартфон или производ од висока технологија, ако тоа навистина не е потребно.

Пол Хоџис, претседателот консултантската компанија за хемиска индустрија еХем смета дека единствениот излез е да се престане со стремежот за непрестан економски раст. „Мораме да го најдеме нашиот пат во економија каква што постоеше пред 60-те години на минатиот век“, вели Хоџис.

Затоа и прашува: „Потребен ли ви навистина нов смартфон? Или само го посакувате?“ Конечно токму таа илузија дека нешто ни „треба“ е главниот двигател на ова наше општество на „производи за еднократна употреба“.