Друштвото на ликовни уметници на Македонија под покровителство на Министерството за култура на Р. Македонија и во соработка со Национална Галерија на Р. Македонија на 26.12.2018 година во Национална Галерија на Р. Македонија објект Мала станица ја отвори „Годишната изложба“.
На овој најстар ликовен проект на ДЛУМ, годинава учество земаа повеќе од 70 автори, членови на Друштвото, чии ликовни дела се изработени во последната година, а ги опфаќаат сите ликовни медиуми. И оваа година Друштвото на ликовни уметници на Македонија додели неколку награди и тоа:
Награда за скулптура на Филип Фидановски
Награда за сликаство на Игор Таневски
Награда за графика на Бурхан Ахмети
За сите љубители на уметноста изложбата ќе биде отворена до средина на јануари месец 2019 година.
Скопје, 27.12.2018 година