Бил еднаш еден постар човек по име Џери, кој имал син. Синот живеел во градот далеку од нивната куќа.
Еден ден, Џери одлучил да го посети својот син.
Тој отишол до местото кое било адресирано на писмата кои ги добивал. Возбуден, тропнал на вратата, но, за жал, лицето кое ја отворило не бил неговиот син.
“Дали овде живее син ми Томас?”, прашал Џери.
“Не, тој се пресели”, одговорил човекот.
Разочаран, сакал да се врати назад, но соседот од куќата до до нив му пришол и му рекол: “Дали го барате Томас? Ова е адресата каде што работи.”
Џери се заблагодарил и тргнал во барање по големиот град, дошол до агенцијата и на рецепцијата прашал: “Можете ли да ми кажете каде е канцеларијата на Томас? Јас сум неговиот татко.”
“Ве молам почекајте”, одговорила рецепционерката и свртела еден телефонски број. Ова исчекување траело цела вечност, но Томас, кога чул кој го бара, бил изненаден! Ѝ рекол веднаш да го спроведе неговиот татко до канцеларија.
Солзи му потекле по лицето на Џери кога го видел својот син, а Томас со широка насмевка ја изразил среќата што го гледа својот татко. Разговарале долго време, а потоа Џери прашал: “Сине мој, би можел ли да дојдеш дома на неколку дена? Многу долго време си отсутен. На сите нѝ недостасуваш…”
“Не татко, не можам да дојдам. Толку многу сум зафатен со работата што едноставно не можам да ја напуштам!”
Џери само се насмеал: “Тогаш вечерва ќе се вратам во нашето село”.
“Можеш да останеш со мене неколку дена”, рекол Томас.
“Не сине, мајка ти ќе се загрижи каде сум, а и премногу си зафатен со твојата работа. Стар човек како мене би бил само товар за тебе.”
Продолжува на страна 2



















