Кафето е здраво, но не претерувајте

89

По водата Кафето ни е најомилениот пијалок. Според податоците на Светската здравствена организација, на планетата секој ден се пие околу милијарда и пол чаши кафе. Со оглед на количината, често се зборува за нејзиното добро и лошо влијание врз здравјето.

Кафето се пие низ целата планета, а видот и начинот на кој се пие се разликуваат од земја до земја во зависност од културата и обичаите. Татковината на кафето е југозападна етиопска покраина Kafa, по која напитокот е именуван.

Во последниве години се појавиле истражувања кои зборуваат позитивно за кафето. Ако не се претерува, може да биде многу здраво, бидејќи го намалува ризикот од цироза на црниот дроб, го забрзува варењето на храната, ги штити мозочните клетки, ја ублажува главоболката и ја зголемува концентрацијата.

Кафето е добар стимуланс на нервниот систем, го стимулира вниманието и меморијата. Кафето, исто така, ги топи мастите и влијае врз потрошувачката на енергијата. Понатаму, кафето го намалува ризикот од дијабетес за 30 %.

Истражувањата покажаа дека со кафето можеме да ја отстраниме главоболката или барем да ја ублажиме. Експертите докажаа дека кафето нѝ помага да  бидеме поиздржливи, а и спортистите со него постигнуваат подобри резултати. Бидејќи е богат со антиоксиданси, го заштитува организмот и го забавува процесот на стареењето.

Постојат неколку видови на кафе. Освен по вкус, се разликуваат и по јачина. Најмногу кофеин има во една чаша  еспресо кафе, околу 150 милиграми, а најмалку – само 5 милиграми – во онаа која ја нарекуваме “без кофеин”.

Некои истражувања во Скандинавија покажаа дека поздраво е филтер кафето од еспресо и турското кафе, затоа што нефилтрираното има kafestrol, супстанца која влијае на зголемување на нивото на холестерол во крвта.

Се апелира да не пиеме премногу кафе, со цел да се избегнат негативните ефекти, а препорачаната дневна доза се три мали чаши на ден. Прекумерна доза на кофеин предизвикува несоница, вртоглавица и тресење. Исто така, не се препорачува за луѓе кои имаат гастритис или зголемена секреција на желудечната киселина.

Кофеинот не предизвикува  директно зголемување на ризикот од срцеви заболувања. Сепак, го зголемува крвниот притисок, особено кај луѓето кои веќе имаат хипертензија.

Ако забележиме дека по кафето или чајот, срцето побрзо или неправилно отчукува или утврдиме нарушување на крвниот притисок – треба да поразговараме за тоа со својот лекар. Добар совет е да се намали дозата на кофеин и да преминеме кон кафето и пијалоците во кои ги има  најмалку.