Мажите стануваат се поубави и се поинтелегентни

35

Луѓето и понатаму не престануваат да еволуираат. Напротив. Мажите стануваат се поубави и поинтелегенти за да бидат поуспешни во репродукцијата, додека кај жените таа карактеристика нема ист ефект.

Луѓето и понатаму се подложни на природна селекција како и другите видови, тврдат научниците, па и во модерното време преживуваат само најсилните.

Бракот не го успори нагонот за селекција, преживување и размножување. Експертите истакнуваат дека неодамна откриле дека токму поради тоа мажите изгледаат се подобро и подобро.

Тие се развиваат и стануваат се попривлечни, поубави и поинтелегенти за да бидат што  поуспешни во размножувањето. Сексот со повеќе партнери ја зголемува веројатноста за подобар репродуктивен успех.

Сепак, кај жените тоа не е така

Финските научници  кои ги проучуваат луѓето и еволуцијата детално ги прегледале податоците на шест илјади Финци родени меѓу 1760 и 1849 година. Ги провериле нивните економски статуси, датумите на раѓање, смртта како и брачниот статус за да ги утврдат основните фактори на природната селекција, а тоа се добата на возрасни, успешноста во пронаоѓање партнер, успешноста и размножувањето и плодноста.

Податоците били исти и кај Финците кои живееле во градовите, како и окај оние кои живееле во руралните подрачја.

Таа земја инаку има еден од подобрите состави на складирање на податоци благодарејќи на деталните црквени записи кои се воделе поради даночните долгови.

– Целосна заблуда е дека еволуцијата од многу одамна е завршена и дека мораме да гледаме назад за да можеме да се разбереме себе си. На луѓето и понатаму делува и природна и сексуална селекција, објасни др. Лума од Универзитетот Шефилд.

Коавторот на студијата др. Коуртол изјави дека подобрувањето на карактеристиките на на мажите ја зголемува успешноста на размножување и дека тие затоа еволуираат побрзо, додека тие особини не ја зголемуваат успешноста на размножување кај жените.

– Тоа е затоа што сексот со повеќе партнери докажано го зголемува репродуктивниот успех повеќе кај мажите отколку кај жените. Изненадувачки, истото подеднавко се однесува и на богатите и на сиромашните, додаде Коуртол.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk