Завршува повеќедецениската соработка меѓу Русија и Европската организација за нуклеарни истражувања (CERN) во Женева, јави во неделата dpa, истакнувајќи дека научниците од таа европска институција соработувале и со Русија за време на Студената војна.
Beate Heinemann, директорката на одделот за физика на честички во германскиот истражувачки центар Electron Synchrotron (DESY) во Хамбург, изјави за dpa дека повлекувањето на Русија ќе има голем број негативни последици.
Тоа не значи дека некои истражувања ќе бидат невозможни поради прекинот на соработката, но ќе биде многу потешко и побавно, ќе има одложувања, рече Jeinemann.
CERN, основан во екот на Студената војна во 1954 година, е една од најважните истражувачки институции за физика на честички и е дом на најмоќниот акцелератор на честички во светот.
Илјадници научници од целиот свет работат на истражување во CERN.
Околу 1.000 научници од Русија биле вклучени во проектите, рече Joachim Mnich, директор за истражување во CERN.
Пред заминувањето многу помогнале во пренесувањето на нивната стручност, колку што можеле, изјави Mnich.
Научниците од CERN работеле со Русија за време на Студената војна, мотивирани од научната љубопитност и во мирна средина. Се чини дека тоа веќе не е можно, што е огромен срам, рече Markus Klute, раководител на Experimental Particle Physics at the Institute of Technology (KIT) во Karlsruhe.
Во јуни 2022 година, CERN одлучи да ги раскине договорите за соработка со Русија и Белорусијапоради војната во Украина.
Петгодишниот договор со Белорусија истече на 27 јуни, а со Русија на 30 ноември.
Заминувањето на руските научници сериозно ќе влијае на проектите на CERN, вклучително и експериментите на Големиот хадронски судирач (LHC), бидејќи Русија учествуваше со 4,5 отсто од буџетот за тие експерименти, односно придонесувала со 2,3 милиони швајцарски франци годишно.



















