Булимијата и анорексијата се поврзани со нарушувања во работата на генот ESRRA, кој е поврзан со женскиот хормон естроген и ja управува работата на овие делови од мозокот за контрола на апетитот и социјалното однесување.
Научниците ќе се обидат да најдат начин да ја обноват работата на овој ген или барем да ги неутрализираат штетните ефекти поврзани со неговото запирање. Ако тие успеат да го направат тоа, во иднина ќе можат да создадат генетска терапија или лек за борба со анорексијата со булимијата.
“Ние покажавме дека овој ген и нарушувањето на неговата работа може да биде еден од ризичните фактори кои влијаат врз развојот на анорексијата или булимијата. Секако дека социјалните фактори, како западниот идеал за витка женска фигура, исто така влијаат на нивната појава. Наскоро ширењето на овие две болести во последните години е поврзана со општеството, а не со генетиката “, изјави водечкиот автор на студијата Мајкл Лутер од Универзитетот на Ајова.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.