1000-годишен лек од кромид и лук дејствува како антибиотик

491

Научниците од Нотингамскиот универзитет направија маст за очи од кромид и лук по рецепт на античкиот медицински трактат “лекарската книга на Балд”, датирана од IX век.

Излегува дека мелемот ефикасно уништува слоеви на Златен стафилокок, кои се отпорни на дејството на антибиотици метицилин.

“Претпоставувме дека очната маст на Балд може да биде слаб антибиотик, но останавме поразени од антибактерискиот ефект кој го поседува комбинација од состојките”, изјави коавторот на истражувањето Фреја Харисон.

Научниците сметаат дека постојат и други древни медицински текстови, во кои може да се најдат вредни информации за составот на препарати, ефикасни против заразни болести. Тие претпоставуваат дека античките лекари со векови истражувале пред да биде откриено постоењето на бактериите.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.