Секое петто девојче под 11 години било на диета

852

Секое петто девојче под 11 години во Велика Британија било на диета, покажуваат официјалните податоци.

Извештај за 2015 година покажува дека недостатокот на совршено тело предизвикува проблеми за јавното здравје и еднаквоста меѓу тинејџерите. Според последните истражувања секое петто девојче меѓу пет и 11 години било на диета, а 87% од девојките на возраст помеѓу 11 и 21 година сметаат дека за жените се суди повеќе според изгледот, отколку по вештините.

Секое шесто дете одбило да оди на училиште, бидејќи не се чувствувало убаво. Специјалистите предупредуваат дека децата со прекумерна тежина е поверојатно да страдаат од недостаток на самодоверба. Тие се поранливи на депресија и насилство.

Според експертите децата кои не си го сакаат телото се повеќе склони да употребуваат алкохол, цигари или дрога. Ниската самодоверба е поврзана со ниското учество во спортови и воннаставни активности. Истражувањето покажува дека 23 отсто од девојчињата на возраст меѓу седум и 21 не се остваруваат, бидејќи тие се незадоволни од своето тело.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.